Како да препознаеме слабокрвност

Објавено во Околу вас Недела, 03 Мај 2009 15:13

Анемијата е состојба во која е намален бројот на црвените крвни клетки или еритроцити во организмот. Еритроцитите во крвта се задолжени за пренесување на кислородот, односно на хемоглобинот - белковина што низ крвта го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата. Кога недостасува хемоглобин, доаѓа до анемија, а тоа значи дека сите клетки примаат помалку кислород, поради што е намалена и нивната активност. Се јавува општа слабост, органите работат побавно, имунолошкиот систем на организмот е ослабен, а заморот е се поизразен.

Бледилото е прв знак.  Благата форма на анемија, во најголем број случаи, нема забележливи симптоми.Лицето што е анемично е побледо од обично. Потешко дише кога прави напорни движења, а дланките и прстите се побели. Анемијата обично се открива кога се испитува крвта поради некои други проблеми. Но, ако се лекува, симптомите стануваат се поизразени. Се јавуваат проблеми со варењето, како што се слаб апетит, промени на слузокожата и тврда столица. Се јавуваат и симптоми кои се заеднички за сите типови анемија - забрзана работа на срцето, губење на здивот, хроничен замор. Тенките и кршливи нокти и слабата коса исто така се знак за анемија предизвикана со недостиг од железо. Молекулот на хемоглобинот содржи четири атома на железо, чија главна задача е да го врзуваат кислородот во белите дробови и да го испуштаат во допир со клетките. Човековиот организам го добива железото и другите потребни материи од храната. Покрај тоа, човековото тело е направено така што може да ги преживее интервалите кога нема храна. Затоа, таложи дел од железото во џигерот, коскената срж и во слезинката. Околу 2/3 железо (2,5 гр.) има во еритроцитите, односно во хемоглобинот, а остатокот (1-2 гр.) во резервите. Во организмот постои цела низа механизми кои го надоместуваат недостатокот од железо со забрзување на циркулацијата, односно со зголемување на протокот на крвта. Постојат и промени на нивото на ензимите. Така, организмот се навикнува на анемија. Поради овие можности за приспособување, многумина се изненадени кога ќе утврдат дека имаат многу ниски вредности на хемоглобин, а при тоа немаат никакви проблеми. Нормалната вредност кај жените е од 120-150 гр. хемоглобин во литар крв, а кај мажите од 138-175 грама. Симптоми се појавуваат дури кај анемија од среден степен, кога нивото на хемоглобинот е помалку од 100 грама во литар крв. Причините за анемија се различни и се јавуваат во определени животни периоди - недостиг на храна во првите месеци од животот, губење на крв, а со тоа и црвени крвни зрнца, менструација, трајно крварење или отежнато апсорбирање на материите кои се внесуваат преку храна во цревата. Анемијата што се создава поради недоволно производство на црвени крвени зрнца е најчесто последица на директни труења и оштетувања на матичните клетки на коскената срж, односно на различни болести - инфективни или ендокрини, на труење со олово па дури и од леукемија. Во сите случаи коскената срж не може да ја извршува својата функција. Се работи за тешки состојби кои бараат сложено хематолошко лекување. Анемијата може да е резултат и на прекумерно разградување на црвените крвни зрнца. Кога се разградуваат, нормално во слезинката тие просечно живеат околу 4 месеци. Но, ова разградување може да е зголемено или може да се појави болест поради која доаѓа до уништување на црвените крвни зрнца во крвта. Тие уништувања можат да бидат наследни или здобиени, имунолошки и неимунолошки. Имунолошките се најчесто автоимуни, односно во организмот се создаваат антитела против сопствените еритроцити. Анемијата што е предизвикана од прекумерно губење на крв по крвавење, се нарекува сидеропенична анемија. Таа е најчеста и наједноставна за лекување. Причина е недостигот од железо во организмот. Недостигот од железо може да биде последица од бројни фактори, но најчесто се јавува поради зголемено, умерено и постојано губење на крв. Сидеропеничната анемија е честа кај жените како последица на обилни менструации. Жените што имаат обилни и нередовни менструации, а им недостига железо, мора да се обратат кај гинеколог.

Лекување

Кога лекарот ќе постави дијагноза - анемија, освен соодвена исхрана, обично препишува и препарат базиран на железо. Целта на препаратот со висока концентрација на железо не е само да го обезбеди дневното количество на железо, туку и да ги надополни испразнетите резерви. Лековите се земаат пред јадење, бидејќи храната ја намалува ресорпцијата на железо. времетраењето на лекувањето е различно од случај до случај, бидејќи зависи од степенот на анемијата и од дневните дози. При лекување на анемијата се користат интравенски инекции, а многу ретко и интрамускулни. Тие се користат поретко бидејќи не може да се контролира внесувањето на железо во организмот. Овие инекции се даваат на лице со изразен недостик на желазо во крвта, обично како ударна терапија. Капки и сируп се користат за лекување на анемија кај децата чиј дигестивен тракт го поднесува железото послабо. Се земаат 1 или 2 часа пред јадење.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.