Kафе наутро,Никако

Објавено во Околу вас Сабота, 21 Февруари 2009 21:06

Лекарите советуваат денот никогаш да не се почнува со кафе, туку задолжително прво да се

појадува за да не се уништи желудникот. Стручњаците исто така советуваат дека три до четири мали експреса позитивно му делуваат на срцето, од кои најдобар е скратено експресо, бидејќи додатокот на вода од апаратот црпи многу штетни материи од кафето.Кафето не треба да се консумира повеќе од три пати дневно, бидејќи ставовите на лекарите не биле секогаш усогласени кога станува збор за тоа дали кафето е корисно или штетно по здравјето.Сепак, во последно време се доаѓа до интересни докази дека кафето сепак е многу корисно за нас, а една нова студија покажува дека кафето може да го намали ризикот од дијабетес тип два.Проучувањата покажуваат дека пиење на четири кафиња дневно, околу два децилитри, е поврзано со намалување за 30 отсто на ризикот за развој на дијабетесот.Секое утро повеќе од 100 милиона Американци почнуваат со филџан кафе за да го започнат денот, а многу признаваат дека се зависници од кафето.Некои истражувања покажуваат дека секојдневното пиење кафе се поврзува со намалување на ризикот за добивање на Паркинсоновата болест, рак на црниот дроб, камен во желудникот, но тоа не значи дека треба да се „предозира“ со кофеин.Новите студии покажуваат дека кафето без кофеин подеднакво е ефикасно против дијабетесот како и обичното кафе, бидејќи двата вида се полни со исти хранливи материи и имаат и други важни својства.На тестирањата е откриено дека кафето има состојки кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да го разредуваат шеќерот, што е во голема мера и дејството што го имаат лековите против дијабетес.

Меѓутоа, многу лекари овие наоди ги сметаат за интересни, но сепак премногу прелиминарни за на своите пациенти да им препишат дупло еспресо.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.