Околу васhttp://mxradio.com.mk Mon, 16 Oct 2017 23:48:50 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkУловен е уште еден балкански рис во Македонијаhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/uloven-e-ushte-eden-balkanski-ris-vo-makedoni-a http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/uloven-e-ushte-eden-balkanski-ris-vo-makedoni-a

risМакедонското еколошко друштво (МЕС) утре ќе ги истакне податоците од ловењето на уште еден балкански рис-мажјак.

Ова е втор рис кој е уловен на територијата на Македонија за потреби на науката и му е поставен ГПС уред.

Од МЕС информираат дека рисот со име Ристе во понеделникот бил фатен со специјална замка поставена на планината Стогово на територијата на ловиштето „Душегубица“ во сопственост на Македонски шуми.

МЕС веќе шест години работи на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Првиот рис на кој исто така му беше поставен ГПС околувратник беше уловен во замка во март 2010 година во Националниот парк „Маврово“ по долината на Радика во близина на Сенце. Двете единки моментно се наоѓаат на слобода.

]]>

contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васWed, 07 Mar 2012 19:47:51 +0100
Kафе наутро,Никакоhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/kafe-nautro-nikako http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/kafe-nautro-nikako

Лекарите советуваат денот никогаш да не се почнува со кафе, туку задолжително прво да се

појадува за да не се уништи желудникот. Стручњаците исто така советуваат дека три до четири мали експреса позитивно му делуваат на срцето, од кои најдобар е скратено експресо, бидејќи додатокот на вода од апаратот црпи многу штетни материи од кафето.Кафето не треба да се консумира повеќе од три пати дневно, бидејќи ставовите на лекарите не биле секогаш усогласени кога станува збор за тоа дали кафето е корисно или штетно по здравјето.Сепак, во последно време се доаѓа до интересни докази дека кафето сепак е многу корисно за нас, а една нова студија покажува дека кафето може да го намали ризикот од дијабетес тип два.Проучувањата покажуваат дека пиење на четири кафиња дневно, околу два децилитри, е поврзано со намалување за 30 отсто на ризикот за развој на дијабетесот.Секое утро повеќе од 100 милиона Американци почнуваат со филџан кафе за да го започнат денот, а многу признаваат дека се зависници од кафето.Некои истражувања покажуваат дека секојдневното пиење кафе се поврзува со намалување на ризикот за добивање на Паркинсоновата болест, рак на црниот дроб, камен во желудникот, но тоа не значи дека треба да се „предозира“ со кофеин.Новите студии покажуваат дека кафето без кофеин подеднакво е ефикасно против дијабетесот како и обичното кафе, бидејќи двата вида се полни со исти хранливи материи и имаат и други важни својства.На тестирањата е откриено дека кафето има состојки кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да го разредуваат шеќерот, што е во голема мера и дејството што го имаат лековите против дијабетес.

Меѓутоа, многу лекари овие наоди ги сметаат за интересни, но сепак премногу прелиминарни за на своите пациенти да им препишат дупло еспресо.

]]>

contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васSat, 21 Feb 2009 21:06:09 +0100
Жените 38 пати на ден пред огледало http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/zhenite-38-pati-na-den-pred-ogledalo http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/zhenite-38-pati-na-den-pred-ogledaloСовремена жена не може да издржи без огледало ни половина час. Кога тоа не го прави, нејзиното расположение е значително......намалено, понекогаш депресивно, ова е резултат на едно британско истражување. Жените просечно пред огледало се 38 пати на ден, покажуваат резутатите од истражувањето. 1% од понежниот пол го користи огледалото најмалку 50 пати на ден.
Кај мажите тоа е значително помалку, само 18 пати.За современото општество надворешниот изглед е многу важен показател за социјалниот статус и интересите во општеството

Страста кон огледалото има и негативни последици. Жените многу често се гледаат во огледало и кога се зад волан кое многу често завршува и со сообраќајни незгоди.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васWed, 25 Feb 2009 16:44:28 +0100
Сигурно знаетеhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/sigurno-znaete http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/sigurno-znaete

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ

Луѓето сметаат дека чистиот воздух е најважен за добро здравје.Навистина се во право!

Сепак,вниманието на јавноста често се насочува кон важноста на квалитетот на воздухот во отворен простор(надворешен воздух),додека квалитетот на воздухот во затворен простор се потценува или пак сосема се заборава.

Квалитетот на воздухот е важен за човековото здравје

Воздухот е смеса на азот(78%),кислород (21%),јаглерод диоксид и некои инертни гасови.Воздухот содржи и водена пареа чие количество се менува во зависност од географската широчина на областа,близината на површинските води и др.

Воздухот, исто така, содржи голем број на штетни супстанции: природни загадувачки супстанции како што се прашината и вулканската пепел и загадувачки супстанции кои се создаваат како последица на човековата активност.

Постојат сигурно докази дека воздухот во затворените простории честопати е многу позагаден од надворешниот воздух. Ова загадување е опасно по здравјето,бидејќи луѓето најголемиот дел од своето време го поминуваат во затворен простор.Чистиот воздух е посебно важен за децата.Во споредба со возрасните,тие вдишуваат поголемо количество воздух во однос на нивната телесна тежина,а со тоа се зголемува опасностаод вдишување на поголеми количества загадувачки супстанции што се акомулираат во нивните тела.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васFri, 27 Feb 2009 15:48:48 +0100
Треба да се знаеhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/treba-da-se-znae http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/treba-da-se-znae

КАКО ДЕЛУВА ОЗОНОТ

Кога грее сонцето,гасовите кои ги испуштаат автомобилите,како што е тоа примерот со азотните оксиданси и испарливите органски соединенија,реагираат меѓусебе при што се создава озон. Озонот е пожелен во повисоките слоеви на Земјината атмосвера,

но неговото присуство во приземниот слој ,блиску да Земјината површина предизвикува штетни последици. Според она што се знае,а потврдено е дека во Европа штетното влијание на озонот го почувствувале повеќе од 100 милиони луѓе. Нашата земја се карактеризира со голем број сончеви денови,и штетното влијание на озонот го чувствуваат и добар дел жители од Р Македонија.
]]>

contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васFri, 27 Feb 2009 17:25:03 +0100
Знаете декаhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/znaete-deka http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/znaete-deka

КАКО СЕ ЗАГАДУВА ВОЗДУХОТ ВО ОТВОРЕН ПРОСТОР

Зимскиот смог се создава кога маса ладен воздух лебди над еден дел од Земјината површина и на тој начин ги заробува загадувачките супстанции посебно јаглерод диоксид, азотните оксидати и цврстите честички.

Загадувачките супстанции кои се причини за појавата на зимскиот смог во најголема мера потекнуваат од процесите на согорување на фосилните горива како што се тоа во термоелектраните,градските топлификации,домашното греење,моторните возила,а во добра мерка и од индустријата. Смогот најчесто е присутен во густо населените места,градовите чиј број и големина расте се тоа како последица на современото живеење. Статистичките податоци покажуваат дека во градовите живеат живеат два од секои три Европејци. Зголемувањето на градовите и на густината на населението  од ден на ден станува се поприсутно и кај нас. Така да во период од 1971 до 2002 година, бројот на жители само во главнио9т град на Р Македонија, Скопје се зголемил за околу 20%, во Битола за околу 12 %, а во Тетово и во Гостивар за околу 33%. Во густо населените области на Централна и Источна Европа како што е тоа примерот со Република Чешка, Германија и Полска, зимскиот смог е многу честа појава, но зимскиот смог често се јавува и во нашите поголеми градови, а особено оние сместени во котлини опкружени со планини како, на пример, Битола и Скопје. 

 

]]>

contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васFri, 27 Feb 2009 19:11:50 +0100
Влијание на хормонитеhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/vli-anie-na-khormonite http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/vli-anie-na-khormonite

Истражувачите кои се занимаваа со прашањето за влијанието на хормоните врз животот на луѓето веќе долго време се сомневаат дека тестостеронот е виновен за однесувањето кое често пати го карактеризираме како 'машко'. Откриено е дека семејната среќа и цврстото партнерство влијаат на нивото на тестостерон кај мажите.

Кога мажот е оженет, т.е. во сериозна врка, вредноста на тестостеронот опаѓа и потоа повторно се покачува кога врската ќе заврши. На мажите кои се наоѓаат во предана врска полна со љубов, им се намалува нивото на тестостеронот во крвта. Истото се случува кога мажот љубовта му ја предава на своето дете. Значи се намалува нивото на машкиот хормон кој се грижи за либидото и се она што го прави 'машко'.
Природата со тоа што на мажите кои имаат семејство им го намалила нивото на тестостеронот го ориентирала мажот кон домот, за да не чувствуваат потреба за претерано парење, туку да се посветат и грижат на своето семејство. Одгледувањето на деца е долготраен и тежок процес - посебно ако тоа треба да го прави само една личност. Со тоа семејно ориентираните мажи со право имаат помало количество на тестостерон.
Студијата, за време на која се проучувало влијанието на сериозната врска врз нивото на тестостерон кај мажите ја извршиле антрополозите на универзитетот Харвард. Peter Gray и неговите колеги направиле истражување во кое учествувале 58 мажи, кои ги поделиле во 3 категории - самци, оженети мажи и оженети мажи кои имаат деца. Испитаниците биле на возраст од 20 до 41 година. Освен прегледот на мрсулите, со што се мерело нивото на тестостерон, испитаниците морале да пополнат и прашалник во кој биле прашувани за тоа колку време поминуваат со своите партнерки. Мажите кои повеќе енергија и време вложуваат во врската имале помала количина на тестостерон во крвта. Исто така важно е колку квалитетно време поминувате со партнерката. Улогата која ја преземаме и нашето однесување сепак не е само реакција на хормоните, туку и на средината во која живееме. Каква е ситуацијата со тестостеронот кај машките пигмејци од Африка кое поголемиот дел од времето го поминуваат со децата, или во пределите на Африка во кои овчарите се грижат за овците и козите и одвај ги гледаат своите деца.
Социјалното или економски окружување е важен фактор при проучувањето на хормоните. Не само кај мажите, туку и кај жените, нивото на хормоните се повисоко во западно индустриското општество, отколку во индустриски помалку развиените рурални општества.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васSat, 28 Mar 2009 22:35:10 +0100
Кога жената најмногу купуваhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/koga-zhenata-na-mnogu-kupuva http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/koga-zhenata-na-mnogu-kupuva

charlotte40Жените во ПМС повеќе одат во шопинг. Психолозите откриле дека жените се склони кон поголемо трошење на пари кога се приближуваат кон крајот на својот менструален циклус. Времето на менструалниот циклус се покажало дека има големо влијание врз расположението и апетитот на жената, а новата студија открила дека влијае и на склоноста кон потошувачка.

Стручњаците од универзитетот Хертфордшир тврдат дека во последните десет дена од менструалниот циклус жените се многу посклони кон шопинг.

Карен Пине, водач на студијата, тврди дека е можно жените да го користат шопингот како еден од социјално прифатливите начини на решавање на интензивните емоции до кои доаѓа за време на ПМС.

Последните денови жените се често под голем стрес или во депресивно расположение, па дури и имаат импулсивно однесување. Шопингот изгледа им помага да ги намалат и регулираат емоциите, заклучиле психолозите.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васTue, 31 Mar 2009 23:37:47 +0200
Дали човекот е создаден да јаде месоhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/dali-chovekot-e-sozdaden-da-ade-meso http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/dali-chovekot-e-sozdaden-da-ade-meso

800px-FoodMeatУште од ренесансата, стручњаците по анатомија го споредувале животинскиот систем за варење со човечкиот. Кој вид на цицачи е најблизок до човечкото суштество? Тревопасните или месојадците? Да направиме еден брз преглед на основните карактеристики на системот за варење кај човекот и животните:

Заби Месојадци: истакнатите очњаци го сечат и кинат месото скоро без џвакање. Тревопасни: многу развиените катници овозможуваат дробење на храната и нејзино претворање во каша. Човек: очниците се мали, се разликуваат од очниците на месојадните животни. Катниците повеќе наликуваат на катниците на тревопасните, во состојба се да ги соџвакаат и иситнат растителните влакна и житарките. Вилици Месојадци: можат да се придвижуваат само горе - доле со што се овозможува кинење на храната. Тревопасни: овозможуваат и странични движења, за да храната би се иситнила и натопила со плунка. Човек: ги остварува сите движења, слично на вилиците на тревопасните животни. Плунка Месојадци: има мала pH вредност (киселост) , потребна за варење на протеините од месото. Тревопасни: имаат голема pH вредност ( базност) која овозможува подобро варење на јаглените хидрати. Човек: плунката му е алкална (базна) како кај тревопасните. Освен тоа, содржи амилази, птиалини, ензими кои го почнуваат варењето на скробот, и кои се наоѓаат само во производите од растително потекло. Плунката е потполно прилагодена за исхрана од растително потекло. Систем за варење Месојадци: нивниот систем за варење е пократок отколку оној на тревопасните. Тоа значи, дека месото мора да биде сварено и елиминирано, зошто неговото разложување и гниење во цревата би предизвикало штетни супстанции кои би ги отруле животните. Тревопасни: имаат долг систем за дигестија, кој овозможува релативно спор премин на производите (до три дена). На растителните производи им е повеќе време за варење, но не гнијат во цревата и не преизвикуваат отровни супстанции. Човек: пропорционални подолги црева отколку кај месојадците, но не и толку долги како цревата кај тревопасните. Поради тоа можат да јадат месо, но при тоа може да дојде до гниење, посебно во случај на затвор или бавно поминување низ цревата. Се ослободуваат од отровните супстанции (кадаверин, индол, скатол,..) кои поминуваат во крвотокот и предизвикуваат мигрена, алергија, посип и др. симптоми. Човекот има најголема способност за прилагодување, па може да се каже дека човекот е анатомски и физиолошки создаден да биде вегетеријанец, иако има можност на прилагодување кон одредена храна.

 

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васSun, 03 May 2009 13:59:35 +0200
Како да препознаеме слабокрвностhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/kako-da-prepoznaeme-slabokrvnost http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/okolu-vas/kako-da-prepoznaeme-slabokrvnost

800px-Bleeding_fingerАнемијата е состојба во која е намален бројот на црвените крвни клетки или еритроцити во организмот. Еритроцитите во крвта се задолжени за пренесување на кислородот, односно на хемоглобинот - белковина што низ крвта го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата. Кога недостасува хемоглобин, доаѓа до анемија, а тоа значи дека сите клетки примаат помалку кислород, поради што е намалена и нивната активност. Се јавува општа слабост, органите работат побавно, имунолошкиот систем на организмот е ослабен, а заморот е се поизразен.

Бледилото е прв знак.  Благата форма на анемија, во најголем број случаи, нема забележливи симптоми.Лицето што е анемично е побледо од обично. Потешко дише кога прави напорни движења, а дланките и прстите се побели. Анемијата обично се открива кога се испитува крвта поради некои други проблеми. Но, ако се лекува, симптомите стануваат се поизразени. Се јавуваат проблеми со варењето, како што се слаб апетит, промени на слузокожата и тврда столица. Се јавуваат и симптоми кои се заеднички за сите типови анемија - забрзана работа на срцето, губење на здивот, хроничен замор. Тенките и кршливи нокти и слабата коса исто така се знак за анемија предизвикана со недостиг од железо. Молекулот на хемоглобинот содржи четири атома на железо, чија главна задача е да го врзуваат кислородот во белите дробови и да го испуштаат во допир со клетките. Човековиот организам го добива железото и другите потребни материи од храната. Покрај тоа, човековото тело е направено така што може да ги преживее интервалите кога нема храна. Затоа, таложи дел од железото во џигерот, коскената срж и во слезинката. Околу 2/3 железо (2,5 гр.) има во еритроцитите, односно во хемоглобинот, а остатокот (1-2 гр.) во резервите. Во организмот постои цела низа механизми кои го надоместуваат недостатокот од железо со забрзување на циркулацијата, односно со зголемување на протокот на крвта. Постојат и промени на нивото на ензимите. Така, организмот се навикнува на анемија. Поради овие можности за приспособување, многумина се изненадени кога ќе утврдат дека имаат многу ниски вредности на хемоглобин, а при тоа немаат никакви проблеми. Нормалната вредност кај жените е од 120-150 гр. хемоглобин во литар крв, а кај мажите од 138-175 грама. Симптоми се појавуваат дури кај анемија од среден степен, кога нивото на хемоглобинот е помалку од 100 грама во литар крв. Причините за анемија се различни и се јавуваат во определени животни периоди - недостиг на храна во првите месеци од животот, губење на крв, а со тоа и црвени крвни зрнца, менструација, трајно крварење или отежнато апсорбирање на материите кои се внесуваат преку храна во цревата. Анемијата што се создава поради недоволно производство на црвени крвени зрнца е најчесто последица на директни труења и оштетувања на матичните клетки на коскената срж, односно на различни болести - инфективни или ендокрини, на труење со олово па дури и од леукемија. Во сите случаи коскената срж не може да ја извршува својата функција. Се работи за тешки состојби кои бараат сложено хематолошко лекување. Анемијата може да е резултат и на прекумерно разградување на црвените крвни зрнца. Кога се разградуваат, нормално во слезинката тие просечно живеат околу 4 месеци. Но, ова разградување може да е зголемено или може да се појави болест поради која доаѓа до уништување на црвените крвни зрнца во крвта. Тие уништувања можат да бидат наследни или здобиени, имунолошки и неимунолошки. Имунолошките се најчесто автоимуни, односно во организмот се создаваат антитела против сопствените еритроцити. Анемијата што е предизвикана од прекумерно губење на крв по крвавење, се нарекува сидеропенична анемија. Таа е најчеста и наједноставна за лекување. Причина е недостигот од железо во организмот. Недостигот од железо може да биде последица од бројни фактори, но најчесто се јавува поради зголемено, умерено и постојано губење на крв. Сидеропеничната анемија е честа кај жените како последица на обилни менструации. Жените што имаат обилни и нередовни менструации, а им недостига железо, мора да се обратат кај гинеколог.

Лекување

Кога лекарот ќе постави дијагноза - анемија, освен соодвена исхрана, обично препишува и препарат базиран на железо. Целта на препаратот со висока концентрација на железо не е само да го обезбеди дневното количество на железо, туку и да ги надополни испразнетите резерви. Лековите се земаат пред јадење, бидејќи храната ја намалува ресорпцијата на железо. времетраењето на лекувањето е различно од случај до случај, бидејќи зависи од степенот на анемијата и од дневните дози. При лекување на анемијата се користат интравенски инекции, а многу ретко и интрамускулни. Тие се користат поретко бидејќи не може да се контролира внесувањето на железо во организмот. Овие инекции се даваат на лице со изразен недостик на желазо во крвта, обично како ударна терапија. Капки и сируп се користат за лекување на анемија кај децата чиј дигестивен тракт го поднесува железото послабо. Се земаат 1 или 2 часа пред јадење.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Околу васSun, 03 May 2009 15:13:34 +0200