Диета и фитнес

Православните христијани на Величетврток вапцуваат велигденски јајца. Со вапсување на првото црвено јајце, пред изгрејсонце - вака на Велики четврток започнуваат подготовките за Велигден, кој се празнува во чест на христовото воскресение по третиот ден од неговата смрт. Домаќините, рано наутро, пред изгревот на сонцето ги бојадисуваат првите 3 црвени Велигденски јајца.

Не постои жена која не користи балсам за коса. Тој ритуал помага во заздравувањето на косата а исто така и за отстранување на мртвите клетки од кожата на главата. Затоа е исклучително важно каков балсам ќе изберете за да ја одржувате вашата кожа здрава и убава. Обично сите балсами се разделуваат на неколку категории, во зависност од тоа за каква коса се, за нормална, за сува, мрсна или бојадисана. Наша препорака Joico Made in USA

Oткако цел ден сте ги собирале погледите на сите, благодарение на утринскиот ритуал за убавина, време е да и посветите малку време на кожата и за "ноќната смена".Како што и самите ќе забележите, грижите кои треба да му ги дадете на лицето навечер се доста помалку од тие во утринскиот ритуал, затоа немате никакво право да си легнувате со шминка.

Поголем е бројот на жени кои одделуваат време за козметика на вечер пред легнување затоа што преку ден имаат премногу работа. Не се тревожете, ништо не сте изгубиле. Напротив, тоа е вистинска добивка за убавината.Специјалисти - козметичари, откриле дека грижата за кожата на телото навечер и за време на сон е најкорисна. Организмот на човекот е проектиран од природата на тој начин, за време на сон да се полни со енергија која ја загубил во текот на денот. Се опоравува од секојдневниот стрес и со помошта на козметички производи кои делуваат за различните типови на кожа - сува, мрсна, воспалена и тн. За козметичката процедура навечер пред легнување потребно е да се изчисти кожата на телото. Тоа најбрзо е преку туширање.

Ќе се обидеме да ви укажеме и визулено прикажеме како да дојдете до затегнување на мускулите на градите за да изгледате безпрекорно во деколте.Фитнесот е задолжителен. Доколку прв пат одите на фитнес тогаш добро ислушајте го инструкторот. За почеток започнете со помалку килограми, кои после лесно можете да ги зголемите. Имајте во предвид дека треба да вложувате напор т.е. да ви биде тешко. Во спротивно не очекувајте резултати.Не заборавајте и да се испотите 30-тина минути на лентата за трчање.

Секоја жена барем еднаш во животот застанала пред излог на ексклузивна златара и посакала барем за миг некој од тие скапоцени камења да блесне на нејзиниот врат, рака, прст. Она што е прва асоцијација за скапоцени камења е дијамантот, втора кристалот а трета секако Сваровски.

Сваровски се кристалите кои станаа неразделен дел од модните колекции, од очилата па се до украси за елка.

Луѓето без соодветен сексуален живот често се преоптоваруваат со работа или други активности како сурогат за својата фрустрираност, заклучиле германски научници од универзитетот Готинген врз основа на истражувањето што го направиле.Во тоа истражување учествувале скоро 32 илјади мажи и жени, а повеќе од една третина – 35 проценти од жените и 36 отсто од мажите, изјавиле дека бараат други интензивни содржини ако сексуалниот живот им се свел на максимално еднаш неделно. Научниците, исто така, заклучиле дека премалку емоции и секс предизвикува стрес, а долгорочно гледано премалку секс може дури и да го влоши проблемот.
Жените кон кои татковците во детството биле многу грижливи често бираат партнер кои физички наликува на таткото. Ова откритие им е од помош на брачните советници.Врз изборот на жената на својот партнер, секогаш може да влијае начинот на кој нејзиниот татко се однесувал кон неа во текот на детството, потврдиле американските научници. Стручњаците од Универзитетот Дурхам предводени од психологот Линда Бутхроуд, сметаат дека жените кон кои нивните татковци во детството се однесувале грижливо, им посветувале доволно внимание, често бираат партнер кој во физичкиот изглед ги потсетува на нивниот татко. Во истражувањето не се опфатени и жените кои имале лоши односи со своите татковци.
Постои разликата меѓу мажите и жените кога пазаруваат и тоа што го купуваат. Мажите тешко разбираат зошто купувањето секогаш треба да биде корисно. Кога мажот сам си купил нешто, на пример блуза, иако лошо ја избрал тие сепак не признаваат дури и по цена на животот.Додека  жените често си заменуваат облека со пријателките, сестра, мајка, мажите тешко би дозволиле некој да се доближи до нивната сопственост и нема врска дали тоа е стара блуза или далечинскиот управувач. Не го фаќај тоа, ќе го скршиш!” - извикуваат со ужас.Ќе речете тоа е налудничаво, но дали сте набљудувале како мажите се однесуваат кон предметите? Тие грижливо го бришат автомобилот, како да сакаат да кажат “мојот е подобар од твојот”. Затоа држете се до златното правило - никогаш не фаќај или не земај на заем нешто од омилените премети на мажот.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.