Уредување на станбениот простор

Објавено во Диета и фитнес Вторник, 24 Февруари 2009 21:29
Предсобјето е важен дел од нашиот дом без разлика дали е мало или големо. Еден од триковите за уредување на тој простор за “добредојде” е......поставување на црвен тепих или стази кои би донеле чувство на топлина и удобност, посебно во ладно зимско време. Бидејќи црвената боја е најенергична во дизајнирањето на ентериерот, се користи само во детали. Доколку сакате да ја неутрализирате нејзината “огнена” енергија, во тоа ќе ви помогне сивата, сребрената, сината или белата комбинација на боја.
Во уредувањето на дневната соба важно е да се посвети внимание на активностите кои ќе се одвиваат во неа. Ако се работи за простор чија што намена ќе биде претежно за одморање, благите пастелни нијанси како и палетата на неутрални бои се идеални за да постигнете атмосфера на опуштање.Кујната е сама по себе топла просторија. Затоа за неа се препорачува употреба на ладни бои. Сината и зелената ќе го “изладат” жешкиот воздух од припремањето на јадењата, додека лилавата ќе му придаде нота на креативност на ентериерот. Доколку сакате да го зголемите апетитот, портокаловата е вистинска боја за вас. Ако вашата бања е со поголема квадратура, зелената и комбинација на зелената со сината е идеално, а нежно пастелни нијанси на светло зелено искористете за бања со помали димензии.Спалната соба претставува оаза за опуштање во која што забораваме на сите грижи акомулирани во текот на денот. Топли тонови на дрво “Latin Roze” (нијанса на светло црвена боја) ќе го направи вашиот простор удобен и во исто време романтичен. Наспроти спалната ставете слика со смирувачки мотиви на пр. Морски или шумски пејзаж, а на наткасната ставете миризлива свеќа со мирис на лаванда, портокал, камилица или цимет. Боите во детската соба мора да бидат весели и да дејстуваат стимулативно на развојот на детто. Примарните силни бои (сина, жолта, црвена) со додаток на зелена, шарени цртежи по ѕидовите (јунаци од цртаните филмови, месечина, ѕвезди итн.) се идеална подлога за стимулирање на детските активности.За успех во работата доста важна е хармонијата, затоа избегнувајте ги агресивните комбинации како што се зелено - црвени или сино - портокалови комбинации.Во уредувањето на вашата канцеларија препорачливо е да се користат бои кои позитивно дејствуваат на помнењето и креативноста (пр. пастелни нијанси на жолтата), комуникациајата и опуштање (сина или зелена во сите тонови). Наведените бои користете ги во деталите (слики, вазни, канцелариски материјали) а подлогата односно ѕидовите, подот и мебелот нека биде во неутрална боја на светло дрво на јавор, бука, јасен или избелен орев.

Сите горе наведени тонови се предлози а не задолжителности. Конечната одлука за избор на боите ја донесувате вие во склоп со вашиот животен стил, потребите, желбите и можностите.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.