Совет за здравјето на вашето дете

Објавено во Диета и фитнес Четврток, 26 Март 2009 22:31

Ако сметате дека вашето детето е дебело и имате намера да спроведете диета за слабеење, слична на диетите за слабеење кај возрасните, ви изгледа логично да го намалите внесот на масти во исхраната. Сепак се прашувате дали не грешите и дали тоа може да биде штетно за неговото здравје?

Дали кај деца е дозволена диета со помалку масти?

Треба да се знае следното:

До возраст од 2-3 години не треба да размислувате за диета со помалку масти. Децата не се дебели затоа што јадат многу масна храна , нивниот проблем е што јадат премногу или пречесто. Најчесто ова е резултат на грешки во исхраната кои ги прават амбициозните родители/баби и дедовци, кои постојано ги нудат своите деца со јадење.

Кај дебели деца постари од 3 години, може да се примени исхрана со намален внес на масти. Како водич, користете ја пирамидата на исхрана (види „Здрава исхрана во детство"). Покрај тоа, важна е физичката активност. Децата треба секојдневно да си играат надвор, а времето поминато пред телевизија да се ограничи. Диета со помалку масти не треба да се спроведува без претходно да се консултирате со педијатар или нутриционист.

Каков избор и распоред на оброците се препорачува?

Понудете му на вашето дете 6-11 оброци/ден од цереалии, житарици , леб, ориз , јуфки и сл. Додајте 3-4 оброци од зеленчук , 2-4 пати овошје и 2-3 пати месо или пилешко/ден. Бидете внимателни со масти и слатки, и во секоја група на намирници обезбедете обезмастен избор ( на пример обезмастено млеко, обезмастен јоугрт и сл).

Сепак, мастите се важни за организмот, и не треба комплетно да се изоставуваат од исхраната. Бидејќи децата се природно поактивни веројатно е дека тие брзо ќе ги согорат.

 

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.