Сонот - козметика достапна за секој

Објавено во Диета и фитнес Петок, 11 Април 2008 11:34

Поголем е бројот на жени кои одделуваат време за козметика на вечер пред легнување затоа што преку ден имаат премногу работа. Не се тревожете, ништо не сте изгубиле. Напротив, тоа е вистинска добивка за убавината.Специјалисти - козметичари, откриле дека грижата за кожата на телото навечер и за време на сон е најкорисна. Организмот на човекот е проектиран од природата на тој начин, за време на сон да се полни со енергија која ја загубил во текот на денот. Се опоравува од секојдневниот стрес и со помошта на козметички производи кои делуваат за различните типови на кожа - сува, мрсна, воспалена и тн. За козметичката процедура навечер пред легнување потребно е да се изчисти кожата на телото. Тоа најбрзо е преку туширање.

Што се случува за време на сон? Под површинскиот слој на кожата многу брзо се регенерира. Клетките мајки образуваат нови, млади клетки кои се придвижуваат кон површинскиот слој за околу четири недели. Со настапување на утрото тој процес запира. Затоа така наречените ноќни кремови ја помагаат таа дејност на кожата. Од една страна, тие го намалуваат воспалението, ако има такво, а од друга страна ги внесуваат корисните состојки и се она што клетките имаат потреба. Кремот се нанесува со нежни движења во подебел слој. Брчки на смеењето.Брчките од гримаси се појавуваат пред се меѓу веѓите и на надворешните агли на очите. Тука може да ви помогне еден смешен трик. Од хартија може да изрежете три ливчиња со триаголна форма. Залепете ги со крем меѓу веѓите, со тоа што остриот агол е насочен кон носот и две на слепоочниците со аглите кон надворешниот дел од окото. Ова ќе ви помогне за опуштање на мускулите на лицето а кремот ќе му ги достави на лицето потребните состојки. Ако не успеете да ги отстраните брчките, барем ќе бидете сигурни дека тие нема повторно да се појават. Кожата на рацете и нозете. Грубата кожа се истрива со специјални козметички средства - за раце, за нозе, или со познатите домашни средства - масло, свинска или гускина маст, растителни масла или добро познатата павловиќева маст. Мачкањето е пропратено од туширање и истривање со лосион.Кај многу грубата кожа која е напукана,сува или која се лупи, по мачкањето со кремот се става ракавица од памучна ткаенина или чорапи. Нанесувањето на кремот и триењето секогаш се прави по насока од прстите кон лактите, кон вратот или колениците. Коса без блесок.

Заради боењето на косата, сушењето со фен, загадениот воздух, студот, ветерот или сонцето, косата ја губи еластичноста и сјајноста. За да се опорави посебно ако влакното е тенко, суво или кршливо, пред легнување треба да се направат освежувачки маски, компресии, втријување на билни и растителни масла во корените и врз кожата. Подобро е ако главата се замота со мека крпа и ако ја измиете наредното утро. Корисни се и жалфијата, камилицата, копривата или пак кремови со нивни екстракти.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.