Позитивни предмети дома

Објавено во Диета и фитнес Петок, 11 Април 2008 11:57
Секој сака, кога ќе си дојде дома, да влезе во свет полн со мир, хармонија и позитивни емоции. Нормално, атмосферата во домот на прво место зависи од луѓето кои живеат таму но и од предметите околу нас можат да предизвикаат позитивни емоции. Во психологијата тоа се нарекува ”котва”.Најдете ја својата “котва”. Таква “котва” за вас може да биде не само предмет, но и мирис, компилација на бои, мелодии итн. Секогаш кога ќе се сретнете со котвата, таа ве враќа во состојба на задоволство, наслада, моменти кои се повторуваат и слично. Дури и да немате своја котва во домот можете да ја создадете од најобични предмети.
Ајде да ви посочиме кои предмети дома се прифаќаат како стимул за радост, опуштање или задоволство.“Огледалце, огледалце...” Огледалото е моќно средство за корегирање на енергетските потоци дома. Тие го рашируваат пространството и затоа се незаменливи во тесни места. Удвојуваат се што се отсликува во нив. Огледалото може да биде жива слика ако во него се повторуваат прекрасните пејсажи од дворот на пример.Никогаш не ставајте го огледалото од спротива на влезната врата, за да не ја одразува енергијата која влегува во домот. Не се препорачува ни да стоите долго пред огледало.Предмет изработен од вас. Како извор на позитивна енергија во домот може да послужи и секој предмет кој е рачно направен од природни материјали. Ако тој е создаден од вас и мајсторот бил во добро духовно расположение, вредноста на тој предмет станува уникатна. Ако сама сакате да мајсторисувате, обидете се да го направите кога сте здрава и во добро раположение. Не заборавајте дека во трудот не внесувате само знаење но и енергија која придобива форма.Во становите каде поголемиот дел од предметите се создадени од рацете на сопствениците се чувствува посебна топлина и комфорт. А односите на таквите семејства се блиски до идеалните.Сликата од ѕидот. Користењето на слики во ентериерот е прекрасен начин  да се подобри располежението, посебно ако тие изразуваат некој среќен момент од животот. Кога ќе погледнете сликата од детето, тешко дека ќе можете да ја задржете насмевката. Кога поставувате слики, активирајте ја фантазијата и осмислете се’ - од рамка, до место каде ќе ја ставите.
Ако сакате да поставите слика на бирото, користете го десниот агол -  според фенг-шуи тоа е зоната на взаемните односи.Филозофскиот камен. Во секој дом им мал простор и за кристалите. Тие се уникатна форма на живот и нивното зрачење има влијание врз човечката енергетика и околината.Користете само природни кристали, на пример, нефрит. Од источните народи тој се почитува како свет камен. Ако имате фигура од вистински нефрит ставете ја на североисток во домот.За да ја трансформирате енергијата која влегува во домот преку прозорецот можете да ставите еден кристал на отворот на прозорецот. Најдобро е да користите проѕирни кристали од кварц или планински кристали.Цвеќињата дома. Ако немате живи цвеќиња во домот, тој не може да се нарече комфортен. Во секој дом е добро да се има по некоја саксија. Во изборот на собните растенија, најважна е вашата интуиција. Помислете каде да ги ставите. Зелената оаза на југозападната страна ги подобрува односите во семејството. 

Предмети на уметноста. Многу е пријатно и престижно да имате некаков предмет на уметноста. Сликите и скулптурите во ентериерот го сврзуваат влијанието на енергијата од околниот свет преку примањето на уметникот или скулпторот. Затоа треба да почувствувате какви чувства и емоции предизвикува тоа парче на уметноста и колку внатрешниот свет на авторот е соодветен на вашиот поглед кон светот. Внимавајте и на водените пејсажи, планини, цвеќиња и сл. – тие имаат пријатно дејство врз енергијата во вашиот дом.

Ви ги опишавме предметите кои предизвикуваат позитивни емоции и прилив на енергија, но има и такви со спротивен ефект. Затоа ви советуваме внимателно да ги погледнувате предметите во вашиот дом. Добро е да се ослободите од се кое во вас предизвикува негативни емоции. Треба секој предмет дома да ви биде омилен и тогаш тој ќе стане вистинска крепост против секакви семејни непогоди.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.