Ноќна убавина

Објавено во Диета и фитнес Петок, 11 Април 2008 11:34

Oткако цел ден сте ги собирале погледите на сите, благодарение на утринскиот ритуал за убавина, време е да и посветите малку време на кожата и за "ноќната смена".Како што и самите ќе забележите, грижите кои треба да му ги дадете на лицето навечер се доста помалку од тие во утринскиот ритуал, затоа немате никакво право да си легнувате со шминка.

1. Отстранете ја шминката внимателно.
2. Релаксирајте се во бањата или туширајте се под топол туш. Пареата ќе им помогне на порите да се рашират.
3. Со помош на мека четка за лице или сунгер истријте ја кожата и не го заборавајте вратот и деколтето. Можете да користите и специјален гел за таа намена.
4. Откако ќе излезете од бањата, нанесете тоник со помош на памучно тампонче. Попијте го вишокот со крпичка и не го оставајте да се исуши на лицето.
5. Свиткајте ја главата назад и масирајте го вратот од двете страни. Ќе почувствувате како крвта навлегува во лицето. Исправете се внимателно и направете си нежна масажа на лицето со кружни движења од средината кон надворешниот дел.
6. Нанесете крем за околу очи со нежни поттупнувања и ноќен крем ако сте над 25 години.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.