Немам што да облечам...

Објавено во Диета и фитнес Среда, 25 Февруари 2009 11:10
Секој ден, независно во кој дел од светот, жените го отвораат својот гардероб, ја гледаат облеката, пробуваат една-две, ја земаат, ја туткаат и во еден момент целите во ужас извикуваат “леле, па јас немам што да облечам”.Психолози и аналитичари се обидуваат да ја одгатнат оваа состојба: тоа е една психолошка состојба, една форма на стрес кој се појавува како кај силните жени - суперпрофесионалци и бизнис-дами, така и кај обичните домаќинки или медицински сестри. Парите тука не се фактор. Секоја од нас го знае тоа чувство а смеам да кажам и дека тоа се случува и со мажите.

Зошто толку често констатираме дека “нема што да облечеме”? Зошто секогаш сме незадоволни од облеката, од надворешниот изглед, зошто секогаш очекуваме премногу од новата гардероба, особено ако сеуште не сме ја купиле?Во гардеробот секогаш имаме барем дваесет блузи, но секогаш ни треба дваесет и првата. Во еден момент сите обувки стануваат безбојни, прости, но тоа е така затоа што на некоја улица во некоја продавница X сме се вљубиле во еден пар кој е “најубав на свет”.  Но два дена откако сме си дозволиле да ги купеме и тие ќе пропаднат во категоријата на немодерните или несоодветните. Во многу случаи со парите кои ни биле предвидени за нешто друго, многу од нас инстинктивно или на слепо купуваат, буквално, партали. Силно го сакаме тоа што го немаме, а кога ќе го добиеме, веќе сакаме нешто друго... иронија на судбината, комплекс за мала вредност, само предизвикување или мазохизам? Тешко е да се објасни таа состојба а посебно мотивите кои не доведуваат до неа.Некои жени тврдат дека имаат многу облека, но и уште повеќе различни расположенија. Затоа се не им стигнува облека и тие “кутрите”, морале често да купуваат нови работи кои всушност не го решаваат проблемот. Има и други кои пак имаат многу облека, но со недели, дури цел живот носат една иста комбинација, една иста боја, форма на обувки... им се допаѓа нешто поекцентрично и си го купувале, но внатрешно не смеат да се покажат во таков необичен стил.Што да се прави? Едно класично решение е да се облекувате секој ден како во униформа. Во многу случаи тоа е појава на стил, на класа, но и на олеснување, еднократно решение на проблемот. Некој би рекол дека носите едни исти работи, но нели вие знаете дека блузата со истиот дезен е нова само што цветчињата сега не се жолти туку портокалови како и обувките иако тие се исти како претходните. Гардеробот на тој тип на жени е нешто како “варијации на тема” - ризикот е сведен на минимум. Дури и пазарувањето станува во едни исти бутици.Може да е и премногу конзервативно, но нели не ја нарушува хармонијата на внатрешниот мир?

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.