Mинимални промени во дневната

Објавено во Диета и фитнес Петок, 11 Април 2008 11:56

Сите сакаме да пречекуваме гости, но што да направиме за гостите да се чувствуваат комфорно уште штом влезат дома? Не е потребно да правите целосна промена на дневната соба.

Доволно е да промените некои мали елементи за да постигнете добар резултат.Нејлесен начин за да разберете како изгледа реално вашата дневна е да ја сликате. Така ќе откриете дали има бои кои не си одговараат, дали добро си одговараат мебелите или е неопходна промена.Без да правите големи трошоци, можете да ја освежите собата. Разместете ги мебелите, поставете ги омилените елементи на нови места и веднаш ќе почувствуавте промена. Дури само нови завеси и декоративни перничиња ќе допринесат за промена во атмосферата. Можете исто така малку по малку да ги исфрлате непотребните работи и мебели - така дневната ќе добие посовремен изглед. А и според Фенг-Шуи, секогаш кога купувате нешто ново, треба да исфрлите нешто старо. Ако во дневната имате столбови или убави врати на кој сакате да привлечете внимание, бојадисајте ги во контрастни бои.

Тапацираниот мебел можете да го освежите со тоа што ќе го претапацирате. Не се палшете од експериментите - одамна веќе не е задолжително да имате тросед, двосед и фотеља. Можете да застанете само на кревет и неколку фотељи. Пријателите ќе се чувствуваат прекрасно ако сите се соберете на ниски и меки табуретки околу масата.

Не заборавајте дека деталите се тие кои ја прават дневната уникатна. Подобро е да ставите неколку светлосни тела низ целата соба кои ќе зрачат со помалку светлина отколку една единствена светилка која ќе свети од таванот. Не ги заборавајте и свеќите. Поставете свеќи пловаци во голем сад со вода во кој може да додадете и малку боја - тоа  ќе остави пријатен впечаток.

Не заборавајте ги и сервизите - во зависност од поводот можете да ги украсите чашите или салфетките со различни елементи. На пример, разнобојна слама со која ќе ги заврзете салфетките или ќе ги завиете чашите. Ако пак масата е покриена со стакло или пак е стаклена, под неа можете да поставите разнобојни камчиња, цветчиња, слама, пеперутки и се друго што сакате па зошто да не и ламбички ако дизајнот на масата ви го дозволува тоа.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.