Какаото Корисно

Објавено во Диета и фитнес Вторник, 24 Февруари 2009 12:37

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓудругото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје.Тим научници од универзитетот "Корнел" установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај.

Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајки од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се конзумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти.

Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте......
Навистина е превкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се даневам дека ако сеуште не е и ваш, набрзо ќе стане.
Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението :)

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.