Фризерски совет од Фризерско Студио Ив Мари

Објавено во Диета и фитнес Петок, 11 Април 2008 11:33

Не постои жена која не користи балсам за коса. Тој ритуал помага во заздравувањето на косата а исто така и за отстранување на мртвите клетки од кожата на главата. Затоа е исклучително важно каков балсам ќе изберете за да ја одржувате вашата кожа здрава и убава. Обично сите балсами се разделуваат на неколку категории, во зависност од тоа за каква коса се, за нормална, за сува, мрсна или бојадисана. Наша препорака Joico Made in USA

Како да го избереме вистинскиот балсам за коса? Постојат неколку разновидности на балсамите за коса? Најраспространет е балсамот кој се препорачува да се користи секогаш после миење на косата (се втрива во косата и се измива после 2 минути). Најефективно е и еден пат во месецот за секој тип на коса или еднаш неделно за сувата и оштетена коса да се нанесува балсам на измиена и влажна коса, кој се остава да постои 5-10 минути а потоа да се измие.

Joico Made in USA Балсами кои не се измиваат. Тие ја заштитуваат косата од непријатното дејство на сонцето, хлорираната вода а помагаат и за одржување на интензитетот на бојата кај бојадисаните коси. Користејќи таков балсам, треба прво да ја измиете косата со шампон, па потоа да нанесете балсам кој се исплакнува, да го измиете, потоа да ја потсушете косата и на крај да го втриете тој балсам по целата должина. Тоа и ќе го олесне стилизирањето на косата.Постои и друг начин, ако имате слободни 30-тина минути. Измијте ја косата со шампон, исушете ја и потоа во неа да втриете природно подготвен балсам. Најдобро е потоа да ставите на главата шапка која ќе ви постои 10-тина минути и потоа исплакнете ја косата. Еве и неколку рецепти за природен балсам.

Јајцата - прекрасен балсам за коса. Јајцата се идеален балсам за коса. Тие го компензираат недостаток на белковини, ја заздравуваат косата, и придаваат мекост и ја збогатува со лецитин.1-ва варијанта. Втријте во кожата на главата една или две жолчки, во зависност од должината и оставете ги додека косата целосно не исуши. Потоа исплакнете со шампон. После таа процедура косата ќе ви се прероди. Овој балсам можете да го користите еднаш месечно.2-ра варијанта. Измешајте едно јајце со една супена лажица шампон, внимателно втријте го и масирајте ја смесата на влажна коса. Оставете ја да дејствува неколку минути и потоа измијте ја.

Медот како средство за навлажнување и омекнување. Медот е богат со витамини и минерали. Тоа е многу хранлив производ, исклучително корисен за косата.Една чаена лажичка мед помешајте со исто толку балсам, втријте го во косата и ставете шапка за во бања, што ќе го засили дејството на медот.

Измијте ја косата со шампон после 30-тина минути.

Фризерско студио ИВ Мари Охрид (Joico Made in USA)

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.