Диета и фитнесhttp://mxradio.com.mk Thu, 19 Oct 2017 20:02:47 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkБразилски вежби за неверојатен задникhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/brazilski-vezhbi-za-nevero-aten-zadnik http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/brazilski-vezhbi-za-nevero-aten-zadnikБразилски вежби за неверојатен задник

Бразилските вежби за обликување на задникот, веќе подолго време “палат и жарат“ во фитнесот.


Зошто е тоа така?
Затоа што станува збор за ефектни вежби кои првенствено ги зацврстуваат мускулите на задникот, а посебни се затоа што ги активираат мускулите од различни агли.
Па затоа, ако планиравте да почнете со вежби од овој тип ви предлагаме да го погледнете видеото на тренерот Бретт Хоебел, кој претставува десет минути вежби кои ветува дека се одлични за вашиот задник.
Погледнете, вежбајте и уверете се дали тоа навистина е така.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесSat, 24 Oct 2015 09:26:04 +0200
Збор два за брокулата...http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/zbor-dva-za-brokulata http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/zbor-dva-za-brokulata

Овој зелен зеленчук е многу ретко застапен во нашата македонска кујна, а преставува бомба од хранливи продукти. Брокулата е најдобар антистресен зеленчук и се препорачува кај сите што се под стрес, кај спортистите, кај децата во развој.

Одлична е и за заштита на слузницата ако се јаде барем 3 пати во неделата, особено за заштита на цревната слузница. Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и го заштитува срцето. Ќе Ви овозможи да го елиминирате вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ќе ги елиминира токсините од организмот.
Пијте големо количество на природно цедени сокови од овошје и зеленчук секогаш разблажено со вода. Или пак секое добро јадење залијте го со една чаша добро црвено вино.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесSat, 21 Feb 2009 05:17:27 +0100
Какаото Корисноhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/kakaoto-korisno http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/kakaoto-korisno

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓудругото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје.Тим научници од универзитетот "Корнел" установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај.

Секако какаото го има и во многу други производи, тргнувајки од црната чоколада (прочуеното средство за подобро расположение), но истражувачите велат дека неговото дејство е најделотворно ако се пие како топол напиток. Имено чоколадата содржи многу заситени масни киселини пример во 40 гр чоколада има околу 8 гр заситени масни киселини, а шолја какао едвај 0,3 ако се конзумира со млеко. Во чистото какао нема никакви масти.

Какаото исто така содржи и многу железо, дури повеќе и од спанаќот, добро е за зајакнување на крвта и за лечење на анемичноста. Се препорачува по една шолја дневно, особено наутро за будење на организмот и зајакнување на духот, па пробајте......
Навистина е превкусно. Какаото е нашиот омилен пијалок, а се даневам дека ако сеуште не е и ваш, набрзо ќе стане.
Го имате и во инстант верзија: несквик, милко експрес, бенквик и сл. Тоа е така нареченото чоколадно млеко, кое секогаш го подобрува расположението :)

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесTue, 24 Feb 2009 12:37:56 +0100
Боровинките овошје No.1http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/borovinkite-ovosh-e-no-1 http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/borovinkite-ovosh-e-no-1

borovnicaИма два вида на боровинки, домашни и диви. Првите растат на високи грмушки, култивирани се, додека дивите се на ниски грмушки.

Дејвид Јарборо, професор по хортикултура при Универзитетот на Мејн и експерт за боровинки, вели дека има  стотици различни видови на диви боровинки кои растат по планините.

Различните видови на боровинки имаат и различен вкус и продуктивност. Наместо еден или два вкуса имаме мешавина од различни вкусови по полињата што даваат уникатен производ, вели професорот од Мејн.
Мејн е единствена сојузна држава која го произведува ова овошје. Тука се одгледуваат 30 проценти од дивите боровинки во Северна Америка, што претставува најголем поединечен производител во светот.

Најголем дел од останатите боровинките во светот се одгледуваат во канадските провинци.
Лани, Мејн произведе 36 милиони килограми диви боровинки и заработи 72 милиони долари.
На некој начин се натпреваруваме со другите боровинки од Канада, кои се култивирани, но и со оние кои доаѓаат од Чиле, но дури и Кина почна да го шири производството со боровинки, вели професорот Јарборо. 

Индијанците ги користеле боровинки за готвење, но и како лек.Тие научиле дека ако одвреме-навреме ги опожарат полињата со боровинки, следната година таа ќе даде уште поголема берба. Јарборо вели дека таа пракса и денес е во примена во Мејн. Половина од растението е под земја, и со горењето, следната година изртуваат повеќе гранки кои донесуваат  многу повеќе плодови.

Независно дали се диви или домашни, боровинките се добри по здравјето. Тие се богати со витаминот Це и Е. Побарувачката за боровинки нагло пораснаа кога научниците докажаа дека овој вид на овошје е богат со анти-оксиданти.

Дивите боровинки имаат најголемо ниво на антиоксидрати од било кое овошје.

Научниците од Универзитетот во Мејн извршија неколку истражувања. Едното истражување беше фокусирано на кардиоваскуларниот систем и ефектите кои боровинките ги имаат за подобрување на циркулацијата и намалувањето на воспалението на артериите. Другото истражување беше направено за да се види како боровинките влијаат луѓето да чувствуваат дека се сити со помалку конзумирање храна.

Извршени се и други истражувања како за тоа како дивите боровинки помагаат во третманот на алцхајмеровата болест и дијабетисот. Професорот Јарборо вели дека тие не ги спречуваат болестите, но помагаат да се забави напредувањето на болеста, како и да се подобри здравјето и функционалноста. „Се обидуваме да ја рашириме оваа информација", вели тој, „а целта ја постигнуваме зашто гледаме зголемено барање за боровинки".

Додека одгледувањето на диви боровинки не е лесна работа, многу земји ширум светот од Германија, до Италија, Уругвај и Јужна Африка сега почнаа да ги одгледуваат и да го извезуваат овој вид на овошје.

Изградени се неколку фабрики и во Кина, а тим од научници по земјоделство и хоркикултура од индискиот Универзитет Даполи ги стандардизираа боровинките во процесот за правење вино.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесWed, 25 Mar 2009 21:37:20 +0100
Совет за здравјето на вашето детеhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/sovet-za-zdrav-eto-na-vasheto-dete http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/sovet-za-zdrav-eto-na-vasheto-dete

mlekoАко сметате дека вашето детето е дебело и имате намера да спроведете диета за слабеење, слична на диетите за слабеење кај возрасните, ви изгледа логично да го намалите внесот на масти во исхраната. Сепак се прашувате дали не грешите и дали тоа може да биде штетно за неговото здравје?

Дали кај деца е дозволена диета со помалку масти?

Треба да се знае следното:

До возраст од 2-3 години не треба да размислувате за диета со помалку масти. Децата не се дебели затоа што јадат многу масна храна , нивниот проблем е што јадат премногу или пречесто. Најчесто ова е резултат на грешки во исхраната кои ги прават амбициозните родители/баби и дедовци, кои постојано ги нудат своите деца со јадење.

Кај дебели деца постари од 3 години, може да се примени исхрана со намален внес на масти. Како водич, користете ја пирамидата на исхрана (види „Здрава исхрана во детство"). Покрај тоа, важна е физичката активност. Децата треба секојдневно да си играат надвор, а времето поминато пред телевизија да се ограничи. Диета со помалку масти не треба да се спроведува без претходно да се консултирате со педијатар или нутриционист.

Каков избор и распоред на оброците се препорачува?

Понудете му на вашето дете 6-11 оброци/ден од цереалии, житарици , леб, ориз , јуфки и сл. Додајте 3-4 оброци од зеленчук , 2-4 пати овошје и 2-3 пати месо или пилешко/ден. Бидете внимателни со масти и слатки, и во секоја група на намирници обезбедете обезмастен избор ( на пример обезмастено млеко, обезмастен јоугрт и сл).

Сепак, мастите се важни за организмот, и не треба комплетно да се изоставуваат од исхраната. Бидејќи децата се природно поактивни веројатно е дека тие брзо ќе ги согорат.

 

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесThu, 26 Mar 2009 22:31:16 +0100
Ах тој шопинг...http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/akh-to-shoping http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/akh-to-shoping

Шопингот секогаш се сврзува со многу пријатни емоции, особено од женскта страна на човештвото. Обиколувањето по продавниците и бутиците и...

...часови поминати во гардеробата можат да бидат цела авантура за кожата и целосно за здравјето. За да не се чувствувате на крајот како десет години постари, нозете да ве болат до смрт и да се чудите што ви требаше баш денес да излезете од дома, видете ги нашите совети за преживување во трговските центри.

Удобна гардероба.

Изберете нешто што ви стои добро и во кое се чувствувате добро. Сепак во следните неколку часа постојано ќе бидете во движење и нема воопшто да ви биде удобно ако пантолоните ви се малку тесни или пак јаката на блузата ве боде. Блуза и фармерки се идеалната варијанта за да се чувствувате удобно и да можете лесно да пробувате.

Обувки.

Исклучително важно е да облечете нешто во кое нозете ќе ви се чувствуваат добро. Оставете ги обувките со високи потпетици за некој друг повод. Се очекува да изминете буквално километри, па макар и само во еден трговски центар и ако обувките не ви се удобни, последиците можат да бидат страшни - подиени нозе, плускавци, разранети прстиња.

Чанта.

Носењето на преполна чанта со часови ќе ви го натовари грбот и кон крајот на пазарувањето ќе сакате само да легнете и да гледате беспомошно, истоштено и депресирано во една точка. Изберете чанта која може да ја преметнете преку градите. Така ќе ја разделите тежината рамномерно на целиот грб и нема да се чувствувате толку изморена. Освен тоа ќе можете и да ја набљудувате што и е препорачливо на места каде се собираат многу луѓе.

Вода.

Не чекајте да ожеднете за да пиете вода. Земете шише вода задолшително. А тоа што ќе ожеднете за време на пазарувањето, тоа е сигурно. Одењето пеш е физичка активност кога се одделува вода а на вас ви претстојат неколку километри. Освен тоа воздухот во продавниците е исклучително сув, топло е и трошењето на течности е уште побрзо.

Сјај за усни.

И тој ви е неопходен за неутрализирање на ефектот на сувиот воздух врз кожата. Како што знаеме усните се најподложни на дејството на околината, а топлината и недостатокот на влага во трговските центри не им се најдобри пријатели. Изберете безбоен сјај затоа што сепак ќе пробувате и нема да ви биде пријатно ако оставите трага на некоја блуза.

Влажни марамчиња.

Тие помагаат во секакви ситуации. Можете од време на време да го исчистете лицето со нив и да се освежите. Секако дека ќе имате потреба од нив ако решите да пробувате различни бои на црвило.

Крем.

Особено е потребен за жени со сува кожа. Ако одите во тоалет можете да си го намачкате лицето со крем откако сте го избришале со марамче за да не ви ја исушува кожата.

Ластик за коса или шнола.

Посебно ако косата ви е долга, ви препорачуваме да ја врзете во опашка или кок. Така ќе ја заштитите од исушување, од механичко оштетување и од закачување на различните рафтови или искубување од страна на некој посетител.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесWed, 25 Feb 2009 10:31:00 +0100
Немам што да облечам...http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/nemam-shto-da-oblecham http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/nemam-shto-da-oblechamСекој ден, независно во кој дел од светот, жените го отвораат својот гардероб, ја гледаат облеката, пробуваат една-две, ја земаат, ја туткаат и во еден момент целите во ужас извикуваат “леле, па јас немам што да облечам”.Психолози и аналитичари се обидуваат да ја одгатнат оваа состојба: тоа е една психолошка состојба, една форма на стрес кој се појавува како кај силните жени - суперпрофесионалци и бизнис-дами, така и кај обичните домаќинки или медицински сестри. Парите тука не се фактор. Секоја од нас го знае тоа чувство а смеам да кажам и дека тоа се случува и со мажите.

Зошто толку често констатираме дека “нема што да облечеме”? Зошто секогаш сме незадоволни од облеката, од надворешниот изглед, зошто секогаш очекуваме премногу од новата гардероба, особено ако сеуште не сме ја купиле?Во гардеробот секогаш имаме барем дваесет блузи, но секогаш ни треба дваесет и првата. Во еден момент сите обувки стануваат безбојни, прости, но тоа е така затоа што на некоја улица во некоја продавница X сме се вљубиле во еден пар кој е “најубав на свет”.  Но два дена откако сме си дозволиле да ги купеме и тие ќе пропаднат во категоријата на немодерните или несоодветните. Во многу случаи со парите кои ни биле предвидени за нешто друго, многу од нас инстинктивно или на слепо купуваат, буквално, партали. Силно го сакаме тоа што го немаме, а кога ќе го добиеме, веќе сакаме нешто друго... иронија на судбината, комплекс за мала вредност, само предизвикување или мазохизам? Тешко е да се објасни таа состојба а посебно мотивите кои не доведуваат до неа.Некои жени тврдат дека имаат многу облека, но и уште повеќе различни расположенија. Затоа се не им стигнува облека и тие “кутрите”, морале често да купуваат нови работи кои всушност не го решаваат проблемот. Има и други кои пак имаат многу облека, но со недели, дури цел живот носат една иста комбинација, една иста боја, форма на обувки... им се допаѓа нешто поекцентрично и си го купувале, но внатрешно не смеат да се покажат во таков необичен стил.Што да се прави? Едно класично решение е да се облекувате секој ден како во униформа. Во многу случаи тоа е појава на стил, на класа, но и на олеснување, еднократно решение на проблемот. Некој би рекол дека носите едни исти работи, но нели вие знаете дека блузата со истиот дезен е нова само што цветчињата сега не се жолти туку портокалови како и обувките иако тие се исти како претходните. Гардеробот на тој тип на жени е нешто како “варијации на тема” - ризикот е сведен на минимум. Дури и пазарувањето станува во едни исти бутици.Може да е и премногу конзервативно, но нели не ја нарушува хармонијата на внатрешниот мир?

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесWed, 25 Feb 2009 11:10:05 +0100
Сандра Булок најдобро продава фустани вели StyleSpothttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/sandra-bulok-na-dobro-prodava-fustani-veli-stylespot http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/sandra-bulok-na-dobro-prodava-fustani-veli-stylespot

Sandra_Bullock-JTM-025033Од сите номинирани за овогодинешниот Оскар, Сандра Булок е онаа чиј фустан би го купиле. Според податоците на StyleSpot.com кој ги прати способностите на познатите да ги продаваат модните марки, Сандра Булок е таа која привлекува најмногу внимание
. Фустанот на Вивиен Вествуд го носеше Булок на People's Choice Awards и е најкликана слика на страната на која може и да нарачувате облека.
Според
Wall Street Journal нејзиното име е пресудно па затоа многу креатори ќе се борат таа да ги носи нивните креации.
Покрај Сандра, според податоците на страната добро се рангираат и Кејти Холмс, Пенелопе и Дру Баримур.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесFri, 26 Feb 2010 13:50:55 +0100
Бои во спалната собаhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/boi-vo-spalnata-soba http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/boi-vo-spalnata-soba

Спалната во која поминуваме една третина од животот треба, пред се, да не опушта. Детските спални се место не само за одмор, но и за игра и пишување домашна, затоа треба да помислите на се - ѕидовите, килимот, завесите. Како што е познато, секоја боја носи и определено расположение. Изберете ја нијансата на вашата спална според сопствените желби и вкус.
Сино - класично и релаксирачко.
Синото е бојата на небото и неговото релаксирачко дејство е неоспорно. Можете да го комбинирате со бело и сeкоја вечер да потонувате во облакот на сонот.
Ако ја бојадисате собата во сино, таа оптички ќе изгледа поширока. Полесното решение е да ги направите ѕидовите бели и да ставите сини акценти - пердиња, прекривки и перничиња.

Виолетово - романтично но и кич.
Независно од нијансата, виолетовото создава романтична атмосфера на секоја соба. Не е добро да претерувате со виолетовите елементи или да користите сино-лилаво за да не добиете кич-ефект.
Зелено - пред се смирува.
Докажано е дека зеленото е едно од најдобрите нијанси кои го повикуваат сонот. Утринската светлина се рефлектира од него на неповторлив романтичен начин во зелените пердиња. Во зелено можете да ја бојадисате и собата на децата, токму заради неговото смирувачко дејство.

Пастелно - едноставно но светло.
Пастелните тонови го доживуваат својот апогеј во модата во домот последниве неколку години. Предностите им се многу. Создаваат чувство на комфор и рамнотежа и можете да ставите скоро секаква боја на мебел во пастелната спална.
Розево - радост и детски игри.
Розевото најмногу одговара за детска соба. Педијатрите тврдат дека розевата боја создава чувство на сигурност во децата и им помага да спијат и заспиваат сами.
Дали ќе изберете тапети и мокет или вар и паркет за спалната зависи од вкусот и можностите. Најважно е во спалната да се чувствувате удобно и вистински да се одморите.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесFri, 11 Apr 2008 11:55:12 +0200
Mинимални промени во дневнатаhttp://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/minimalni-promeni-vo-dnevnata http://mxradio.com.mk/mx/zdrav-e/dieta-i-fitnes/minimalni-promeni-vo-dnevnata

Сите сакаме да пречекуваме гости, но што да направиме за гостите да се чувствуваат комфорно уште штом влезат дома? Не е потребно да правите целосна промена на дневната соба.

Доволно е да промените некои мали елементи за да постигнете добар резултат.Нејлесен начин за да разберете како изгледа реално вашата дневна е да ја сликате. Така ќе откриете дали има бои кои не си одговараат, дали добро си одговараат мебелите или е неопходна промена.Без да правите големи трошоци, можете да ја освежите собата. Разместете ги мебелите, поставете ги омилените елементи на нови места и веднаш ќе почувствуавте промена. Дури само нови завеси и декоративни перничиња ќе допринесат за промена во атмосферата. Можете исто така малку по малку да ги исфрлате непотребните работи и мебели - така дневната ќе добие посовремен изглед. А и според Фенг-Шуи, секогаш кога купувате нешто ново, треба да исфрлите нешто старо. Ако во дневната имате столбови или убави врати на кој сакате да привлечете внимание, бојадисајте ги во контрастни бои.

Тапацираниот мебел можете да го освежите со тоа што ќе го претапацирате. Не се палшете од експериментите - одамна веќе не е задолжително да имате тросед, двосед и фотеља. Можете да застанете само на кревет и неколку фотељи. Пријателите ќе се чувствуваат прекрасно ако сите се соберете на ниски и меки табуретки околу масата.

Не заборавајте дека деталите се тие кои ја прават дневната уникатна. Подобро е да ставите неколку светлосни тела низ целата соба кои ќе зрачат со помалку светлина отколку една единствена светилка која ќе свети од таванот. Не ги заборавајте и свеќите. Поставете свеќи пловаци во голем сад со вода во кој може да додадете и малку боја - тоа  ќе остави пријатен впечаток.

Не заборавајте ги и сервизите - во зависност од поводот можете да ги украсите чашите или салфетките со различни елементи. На пример, разнобојна слама со која ќе ги заврзете салфетките или ќе ги завиете чашите. Ако пак масата е покриена со стакло или пак е стаклена, под неа можете да поставите разнобојни камчиња, цветчиња, слама, пеперутки и се друго што сакате па зошто да не и ламбички ако дизајнот на масата ви го дозволува тоа.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Диета и фитнесFri, 11 Apr 2008 11:56:04 +0200