Бои во спалната соба

Објавено во Диета и фитнес Петок, 11 Април 2008 11:55

Спалната во која поминуваме една третина од животот треба, пред се, да не опушта. Детските спални се место не само за одмор, но и за игра и пишување домашна, затоа треба да помислите на се - ѕидовите, килимот, завесите. Како што е познато, секоја боја носи и определено расположение. Изберете ја нијансата на вашата спална според сопствените желби и вкус.
Сино - класично и релаксирачко.
Синото е бојата на небото и неговото релаксирачко дејство е неоспорно. Можете да го комбинирате со бело и сeкоја вечер да потонувате во облакот на сонот.
Ако ја бојадисате собата во сино, таа оптички ќе изгледа поширока. Полесното решение е да ги направите ѕидовите бели и да ставите сини акценти - пердиња, прекривки и перничиња.

Виолетово - романтично но и кич.
Независно од нијансата, виолетовото создава романтична атмосфера на секоја соба. Не е добро да претерувате со виолетовите елементи или да користите сино-лилаво за да не добиете кич-ефект.
Зелено - пред се смирува.
Докажано е дека зеленото е едно од најдобрите нијанси кои го повикуваат сонот. Утринската светлина се рефлектира од него на неповторлив романтичен начин во зелените пердиња. Во зелено можете да ја бојадисате и собата на децата, токму заради неговото смирувачко дејство.

Пастелно - едноставно но светло.
Пастелните тонови го доживуваат својот апогеј во модата во домот последниве неколку години. Предностите им се многу. Создаваат чувство на комфор и рамнотежа и можете да ставите скоро секаква боја на мебел во пастелната спална.
Розево - радост и детски игри.
Розевото најмногу одговара за детска соба. Педијатрите тврдат дека розевата боја создава чувство на сигурност во децата и им помага да спијат и заспиваат сами.
Дали ќе изберете тапети и мокет или вар и паркет за спалната зависи од вкусот и можностите. Најважно е во спалната да се чувствувате удобно и вистински да се одморите.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.