Бидете дама и придржуваjте се на овие правила!

Објавено во Диета и фитнес Петок, 26 Февруари 2010 00:00

“Однесувај се како дама“ - секоја девојка тоа го чула од својата мајка или баба во одредена доба од својот живот, а тоа ги вклучува целите на добро промислените правила на однесување, кои за некои од нас може и не се вродени. Убавина, стил, грациозност, добра смисла за хумор, интелегенција и манири е се она што вам ви е потребно со цел да бидете еднакви со оние жени на кои им позавидувате или едноставно им се восхитувате.
Повеќето се обидуваат да бидат самосвесни, но често настојуваме да ги потиснеме своите квалитети, мислејќи дека неможат да се носат со оние особини на можеби некои други жени. Но, често не сме свесни дека сите имаме одредени квалитети кои другите и тоа како ги приметуваат, додека пак ние воопшто и не сме свесни за нив.
Не е лесно да се биде жена со стил, но со цврста волја и неколку совети, за многу кратко време и вие може да бидете слични на Џеки О или Грејс Кели. Таквите жени се столбот на друштвото, не блефираат, самоуверени се и многу добро се познаваат себеси, не ги следат наметнатите трендови, држејќи се кон сопствени или пак креираат нови.
Физички, дамите и тоа како држат до себе, а еве неколку работи кои би требале да ги поседувате:

Нежни раце
Рацете негувајте ги континуирано, што значи дека е потребно да им нанесете крема после секое миење и пред спиење. Еднаш неделно направете пилинг и почастете ги со маска, а ноктите секогаш држете ги уредни и ако ништо друго барем налакирајте ги со лак.

Здрава коса
Косата пред се мора да биде чиста и негувана, што значи редовно потстрижување, нанесување маски и други препарати за нејзина убавина и здравје, а ако се фарбате мора да користите и квалитетни производи.

Убав тен
Не постои ситуација во која можете да го прескокнете чистењето на лицето наутро и навечер. На секои неколку дена направете пилинг и редовно посетувајте козметичар. Подобро да се откажете од убави парталчиња отколку од убава кожа.

Здрави заби
Како би избегнале непријатен здив, забите мијте ги после секој оброк. Не заборавајте да користите и забен конец, кој допира до местата каде четкичката неможе, а редовно посетувајте и забар.

Уредна и чиста
Секојдневно туширање, совршено испеглана облека и парфем кој и одговара на вашата личност - тоа е она што вас, кога ќе се погледнете во огледало, ќе ве потсети дека нема работа која неможе да се направи.

Уметност на шминкањето
Свечена шминка се носи навечер, додека пак за преку ден е прифатлива малку по суптилна - тоа е правило кое едноставно мора да го почитувате. Уште една работа која треба да ја запомните е дека никогаш, ама никогаш да не ја поправате шминката на јавно место.

Делата говорат повеќе од зборовите

Изгледај како дама, размислувај како маж
Некои сеуште веруваат дека што се повеќе изразени женските особини, требаат повеќе помош (односно мислат дека се помалку способни за извршување задачи). Бидете подготвени на тоа. Покажете им дека жената може да биде дама совршено способна за извршување и на најтешките задачи.

Бидете упорни
Многу жени само одредено време ги следат новововедените правила, што никако не е препорачливо. Клучот е во упорноста, што значи дека кога еднаш ќе усвоите некое правило, бидете дослени и држете се до тоа во секој момент и на секое место.

Оптимизам и самоувереност
Нека вашата чаша секогаш биде полуполна, а не напола празна како што била и досега. Исправете се, подигнете ја главата и храбро зачекорете напред. Запомнете: нема проблем кој неможе да се реши, а за секое прашања и тоа како мора да постои одговор.

Внимателно бирајте ги зборовите
Она што го кажувате и начинот на кој тоа го изговарате се два важни фактора. настојувајте да говорите со мек глас и умерен тон, нема потреба од повишување на гласот. Ако сте се нашле tet-a-tet со лице кое вам не ве слуша, тогаш таа особа не е вредна за трудот. Ако немате ништо посебно да кажете, тогаш е најдобро воопшто и да не говорите. Пцовките во секој случај се строго забранети, постојат убави зборови за да се изрази некоја мисла.

Хранете го својот ум
Информирајте се за моменталните случувања во светот, политиката, културата и уметноста. Колку повеќе знаење имате, вашите интереси автоматски растат, па вашата информираност ве прави одличен соговорник без оглед на темата. Во оваа доба на развиена технологија не заборавајте и на старата уметност, како читањето книги или пак сликање во слободно време.

Скромноста е доблест
Не ги исправувајте другите додека не ве прашаат за мислење. Никако немојте да се однесувате како да знаете баш се и како да сте подобри од останатите. Важно е да се сакате и да имате самодоверба, но немојте околу себе да создавате култ на личноста, такво самољубие никогаш и никаде не е добредојдено. Повторно, немојте да бидте ни премногу скромни, слаби и покорни, подложни на туѓи влијанија. Поседувате интелегенција која треба да ја искористите.

Не губете ја главата
Немојте да дозволите да ве извадат од такт, без оглед на тоа во каква ситуација се наоѓате, сочувајте ја прибраноста. Своето изненадување или разочарување искажете го на нежен начин, само онолку да другите видат како и на вас влијаат околностите, бидејќи во спротивно ќе оставите впечаток на крута и ледена кралица.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.