Ах тој шопинг...

Објавено во Диета и фитнес Среда, 25 Февруари 2009 10:31

Шопингот секогаш се сврзува со многу пријатни емоции, особено од женскта страна на човештвото. Обиколувањето по продавниците и бутиците и...

...часови поминати во гардеробата можат да бидат цела авантура за кожата и целосно за здравјето. За да не се чувствувате на крајот како десет години постари, нозете да ве болат до смрт и да се чудите што ви требаше баш денес да излезете од дома, видете ги нашите совети за преживување во трговските центри.

Удобна гардероба.

Изберете нешто што ви стои добро и во кое се чувствувате добро. Сепак во следните неколку часа постојано ќе бидете во движење и нема воопшто да ви биде удобно ако пантолоните ви се малку тесни или пак јаката на блузата ве боде. Блуза и фармерки се идеалната варијанта за да се чувствувате удобно и да можете лесно да пробувате.

Обувки.

Исклучително важно е да облечете нешто во кое нозете ќе ви се чувствуваат добро. Оставете ги обувките со високи потпетици за некој друг повод. Се очекува да изминете буквално километри, па макар и само во еден трговски центар и ако обувките не ви се удобни, последиците можат да бидат страшни - подиени нозе, плускавци, разранети прстиња.

Чанта.

Носењето на преполна чанта со часови ќе ви го натовари грбот и кон крајот на пазарувањето ќе сакате само да легнете и да гледате беспомошно, истоштено и депресирано во една точка. Изберете чанта која може да ја преметнете преку градите. Така ќе ја разделите тежината рамномерно на целиот грб и нема да се чувствувате толку изморена. Освен тоа ќе можете и да ја набљудувате што и е препорачливо на места каде се собираат многу луѓе.

Вода.

Не чекајте да ожеднете за да пиете вода. Земете шише вода задолшително. А тоа што ќе ожеднете за време на пазарувањето, тоа е сигурно. Одењето пеш е физичка активност кога се одделува вода а на вас ви претстојат неколку километри. Освен тоа воздухот во продавниците е исклучително сув, топло е и трошењето на течности е уште побрзо.

Сјај за усни.

И тој ви е неопходен за неутрализирање на ефектот на сувиот воздух врз кожата. Како што знаеме усните се најподложни на дејството на околината, а топлината и недостатокот на влага во трговските центри не им се најдобри пријатели. Изберете безбоен сјај затоа што сепак ќе пробувате и нема да ви биде пријатно ако оставите трага на некоја блуза.

Влажни марамчиња.

Тие помагаат во секакви ситуации. Можете од време на време да го исчистете лицето со нив и да се освежите. Секако дека ќе имате потреба од нив ако решите да пробувате различни бои на црвило.

Крем.

Особено е потребен за жени со сува кожа. Ако одите во тоалет можете да си го намачкате лицето со крем откако сте го избришале со марамче за да не ви ја исушува кожата.

Ластик за коса или шнола.

Посебно ако косата ви е долга, ви препорачуваме да ја врзете во опашка или кок. Така ќе ја заштитите од исушување, од механичко оштетување и од закачување на различните рафтови или искубување од страна на некој посетител.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.