Диета и фитнес

Бразилските вежби за обликување на задникот, веќе подолго време “палат и жарат“ во фитнесот.

Овој зелен зеленчук е многу ретко застапен во нашата македонска кујна, а преставува бомба од хранливи продукти. Брокулата е најдобар антистресен зеленчук и се препорачува кај сите што се под стрес, кај спортистите, кај децата во развој.

Какаото е уште еден богат извор на антиоксиданси и го успорува меѓудругото и стареењето. Шолја какао во денот може да придонесе до подобро здравје.Тим научници од универзитетот "Корнел" установиле дека шолја топло какао има двапати повеќе антиоксиданси од чаша црно вино, а дури 3 пати повеќе од шолја зелен чај, додека 5 пати повеќе отколку шолја црн чај.

Има два вида на боровинки, домашни и диви. Првите растат на високи грмушки, култивирани се, додека дивите се на ниски грмушки.

Дејвид Јарборо, професор по хортикултура при Универзитетот на Мејн и експерт за боровинки, вели дека има  стотици различни видови на диви боровинки кои растат по планините.

Различните видови на боровинки имаат и различен вкус и продуктивност. Наместо еден или два вкуса имаме мешавина од различни вкусови по полињата што даваат уникатен производ, вели професорот од Мејн.
Мејн е единствена сојузна држава која го произведува ова овошје. Тука се одгледуваат 30 проценти од дивите боровинки во Северна Америка, што претставува најголем поединечен производител во светот.

Ако сметате дека вашето детето е дебело и имате намера да спроведете диета за слабеење, слична на диетите за слабеење кај возрасните, ви изгледа логично да го намалите внесот на масти во исхраната. Сепак се прашувате дали не грешите и дали тоа може да биде штетно за неговото здравје?

Шопингот секогаш се сврзува со многу пријатни емоции, особено од женскта страна на човештвото. Обиколувањето по продавниците и бутиците и...

...часови поминати во гардеробата можат да бидат цела авантура за кожата и целосно за здравјето. За да не се чувствувате на крајот како десет години постари, нозете да ве болат до смрт и да се чудите што ви требаше баш денес да излезете од дома, видете ги нашите совети за преживување во трговските центри.

Секој ден, независно во кој дел од светот, жените го отвораат својот гардероб, ја гледаат облеката, пробуваат една-две, ја земаат, ја туткаат и во еден момент целите во ужас извикуваат “леле, па јас немам што да облечам”.Психолози и аналитичари се обидуваат да ја одгатнат оваа состојба: тоа е една психолошка состојба, една форма на стрес кој се појавува како кај силните жени - суперпрофесионалци и бизнис-дами, така и кај обичните домаќинки или медицински сестри. Парите тука не се фактор. Секоја од нас го знае тоа чувство а смеам да кажам и дека тоа се случува и со мажите.

Од сите номинирани за овогодинешниот Оскар, Сандра Булок е онаа чиј фустан би го купиле. Според податоците на StyleSpot.com кој ги прати способностите на познатите да ги продаваат модните марки, Сандра Булок е таа која привлекува најмногу внимание

Спалната во која поминуваме една третина од животот треба, пред се, да не опушта. Детските спални се место не само за одмор, но и за игра и пишување домашна, затоа треба да помислите на се - ѕидовите, килимот, завесите. Како што е познато, секоја боја носи и определено расположение. Изберете ја нијансата на вашата спална според сопствените желби и вкус.
Сино - класично и релаксирачко.
Синото е бојата на небото и неговото релаксирачко дејство е неоспорно. Можете да го комбинирате со бело и сeкоја вечер да потонувате во облакот на сонот.
Ако ја бојадисате собата во сино, таа оптички ќе изгледа поширока. Полесното решение е да ги направите ѕидовите бели и да ставите сини акценти - пердиња, прекривки и перничиња.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.