Свет

Јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер изјави дека американските власти уапсија едно лице во врска со обид за поставување автомобил бомба на Тајмс Сквер во Њујорк кога тој се обидувал да побегне од земјата на меѓународниот аеродром Џон Кенеди.

Четириесет и четири годишната Охеун Сун од Јужна Кореа е првата жена во светот која се има искачено на највисокиот врв на Хималаите. Сун го поставила јужнокорејското знаме на врвот Анапурна во Непал, на надморска височина од 8.091 метар.

Соборениот претседател на Киргистан Курманбек Бакиев е обвинет за организирање убиства на голем број луѓе, изјави денеска претставник на преодната влада во Бишкек.

Познатиот знак „Холивуд" беше спасен од пропаст благодарејки на донација од основачот на магазиноит „Плејбој", Хју Хефнер. Ова е втор пат Хефнер да донира пари за спас на големиот знак поставен на ридот крај градот.

Денес се одбележуваат точно 24 години од најголемата технолошка катастрофа во светот - хаваријата во нуклеарната централа во Чернобил.

Земјотрес од 6,9 степени го погоди југоисточниот брег на Тајван. Епицентарот на земјотресот е околу 300 километри од јужниот тајвански град Тајтунг.

Денес светот го одбележува денот на интелектуалната сопственост. Овој ден 26-ти април е избран од државите членки на СОИС, кога светот ја прославува човековата креативност и им оддава почит на уметничките и научните достигнувања.

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на планетата Земја, кој Обединетите нации го прогласија за ден посветен на борбата против загадувањето на животната средина.

Иранската револуционерна гарда во четврток ќе почне со тридневна воена вежба во Персискиот залив. Генералот Хосеин Салами денеска за иранската државна телевизија потврди дека морепловната, воздухопловната и копнената единица на гардата ќе бидат вклучени во вежбите кои се организираат со цел „одржување на безбедноста во Персискиот залив".

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.