Свет

Белата Куќа соопшти дека истекувањето на нафтата на Бритиш Петролеум во Мексиканскиот залив стана најголемата еколошка катастрофа во историјата на Соединетите Држави.

Под мотото "Жените се голем потенцијален пазар за тутунската индустрија", Светската здравствена организација денеска го одбележува Светскиот ден за борба против пушењето.

Багдад најави дека ќе ја затвори државната авиокомпанија „Ирак Ервејс" поради децениски спор со соседен Кувајт. За сега не е јасно дали ќе се отвора нова авиокомпанија откако од ирачкото Министерство за транспорт потврдија дека постоечката ќе биде затворена.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска ги повика Соединетите Држави да го подржат договорот што го склучи Иран за размена на нуклеарно гориво со Турција, предупредувајки дека тое е последна шанса да биде надмината кризата.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ја предупреди Северна Кореја да ги запре провокациите и заканите. Клинтон, која е во посета на Сеул, ја повика меѓународната заедница да одговори на потпопувањето на јужно-корејскиот брод од страна на Северна Кореја.

Јадвига Качинска, мајката на загинатиот претседател на Полска Лех Качински, вчера конечно, месец и половина по падот на претседателскиот авион, дозна дека нејзиниот помлад син и неговата сопруга загинаа во несреќата кај рускиот град Смоленск.

Активноста на исландскиот вулкан Ејефјалајокула е значително намалена, но сеуште е прерано да се каже дека е се завршено со ерупциите поради кои што беше прекинат авиосообраќајот, соопштија од метеоролошкиот завод на Исланд.

Хуанг Гуангуи кој пред две години беше рангиран за најбогат човек во Кина е осуден на 14 години затвор за корупција и за нелегални бизнис зделки.

НАТО мора да победи во војната во Авганистан, да ги прошири врските со Русија, да ја има предвид заканата од Иран и да им ја гарантира безбедноста на сите 28 земји - членки.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.