Свет

Францускиот претседател Никола Саркози за денеска закажа владина седница, посветена на катастрофалниот настап на француската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.

Земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Јапонија, но нема опасност за цунами, ниту извештаи за штети, јавуваат медиумите.

Одделот на Обединетите нации за дрога и криминал оценува дека на организираните криминални групи кои дејствуваат преку меѓудржавните граници мора да се гледа како на значителна економска сила.

Во Киргистан денеска започна тридневна жалост за жртвите од етничките насилства на југот на земјата. Според киргистанските приверемени власти, над 180 луѓе загинале во судирите меѓу етничките Киргизи и Узбеци, кои започнаа на 10-ти јуни.

Под секретарот на ОН Лин Паско повика на итно создавање хуманитарен коридор за помош во Киргистан по 5 дневните етнички насилства меѓу киргизите и узбеците на југот на земјата.

Косово е извор, транзитно место и дестинација за жени и деца, жртви на трговијата со луѓе, посебно на присилната проституција, е наведено во Годишниот извештај за трговија со луѓе на Стејт Департментот.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст предупредува дека хуманитарната ситуација во јужен Киргистан станува критична, по неколкудневните судири и убиства меѓу етничките Киргизи и узбечкото малцинство.

Полицијата во Јоханесбург соопшти дека бил уапсен возачот на автомобилот во кој синоќа загина правнуката на екс претседателот на Јужна Африка Нелсон Мандела.

Според Министерството за здравство, 23 луѓе биле убиени, а речиси 340 биле повредени во новиот бран насилство што избувна во јужен Киргистан. Преодната влада прогласи вонредна состојба во градот Ош и во три соседни региони и испрати војници и оклопни возила за да ги спречат тепачките меѓу ривалските групи кои прераснаа и во етничките конфликти меѓу киргизите и узбеците во регионот..

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.