Свет

Генерал Џејмс Матис е изборот на Пентагон за командант на воените операции во Ирак и во Авганистан.

Од први јуни до први јули, Јужна Африка ја посетиле милион странци, што е за 25 насто повеќе во однос на истиот преиод лани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу предупреди дека Турција ќе ги прекине дипломатските доноси со Израел доколку не добие извинување за инцидентот со хуманитарниот конвој за Појасот Газа.

 

Рускиот претседател Дмитриј Медведев соопшти дека стапува во сила царинската унија меѓу Русија, Белорусија и Казахстан, откако денеска тројцата претседатели го потпишаа договорот.

Од денес, Финска е првата земја во светот која правото на пристап до брз интернет го прогласи за основно човеково право, а интернет провајдерите добија обврска да му обезбедат на секој граѓанин пристап до интернет.

Девет сајтови во Америка на кои се нуделе пиратски верзии на филмови кои само што се појавиле во кината, се забранети, соопштиле американските власти. Власите заплениле и банкарски сметки , а извршиле и претрес на станови во неколку американски држави.

Главниот инспектор за нуклеарна програма на Меѓународната агенција за атомска енергија, Оли Хејнонен кој ја водеше истрагата во Иран и Сирија , ќе ја напушти својата функција поради лични причини.

Кинеската агенција Ксинхуа денеска започна со 24-часовно емитување телевизиска програма со вести на англиски јазик.

Ирак денеска го одобри договорот со кралската холандска фирма Шел вреден милијарди долари, со кој и се овозможува на фирмата да се приклучи во  проектот за експлоатација на природен гас

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.