Свет

Фудбалските репрезентации на Шпанија и Холандија кои играа во финалето на Светското првенство во Јужна Африка , заработија парични казни од страна на ФИФА. За добиените жолти картони, Холандија  која доби 11 ќе мора да плати близи 15 илјади евра, а Шпанија  која  доби 9 картони речиси 10 илјади евра.

Соединетите држави оваа година за прв пат ќе присуствуваат  на одбелжувањето на годишнината од нуклеарниот напад на Хирошима.

Руското министерство за итни интервенции побара од локалните власти да ги стават во функција сите свои сили во борбата против пожарите во централна Русија од кои загинаа најмалку 40 лица.

Фидел Кастро ги објави првиот дел од своите мемоари, книга од 896 страни за неговата вооружена борба против кубанскиот дикатор Фулгенцио Баптиста.

Доказите за глобално затоплување се непорекливи, се наведува во најновиот извештај на американската влада.

Еврото денеска достигна највисока вредност во однос на доларот во последните 3 месеци. Причините за тоа се согледуваат во сомнежите за трговската моќ на Соединетите држави и показателите за подобрување на економската моќ во Европа.

Сите 152 патници кои се наоѓле во авинот кој се урна денеска во Пакистан загинале, соопштиле пакистанските власти. Властите ги негираат претходните извештаи дека спасувачите пронашле 5 преживеани патници.

Од Организацијата за безбедност и соработка во Европа денеска се согласија да испратат полициски сили во Киргистан.

Во поплавите што ја зафатија Кина досега загинале над 700 луѓе, додека околу 350 се водат за исчезнати. Ова денеска во Пекинг го изјави генералниот секретар на кинеската агенција за спречување на поплавите Лиу Нинг.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.