Свет

 Русија се залага за затворање на Меѓународниот суд за воени злосторства направени на подрачјето на поранешна Југославија и обвинува за пристрасност, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

Агенцијата „Мудис“ забележува дека политичката несигурност во Грција и Италија и влошувањето на економската состојба во евро зоната носат опасност од како што се наведува, уште понегативни сценарија.
Тоа особено откако должничката криза доби алармантни знаци на ширење во самото срце на еврозоната. Имено, Германија во минатата недела не успеа на берзите да ја продаде целата транша на новиот долг со што банките беа принудени да интервенираат.

 

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад изјавил дека како инженер е сигурен дека авионите не можеле да ги срушат кулите близначки во Њујорк, во нападот од 11 септември 2001 година.

Ахмадинеџад во интервју за агенцијата “Асошиејтед прес“ изјавил дека е невозможно двата авиони да ги срушиле кулите само удирајќи во нив и дека е сигурно дека станува збор за некаков дополнителен експлозив.

 

Блиски соработници на италијанскиот премиер Силвио Берлускони се најдоа на објавената листа на имиња на политичари кои се кријат дека се хомосексуалци и кои во јавноста прмовираат хомофобични ставови.

Два борбени авиони, поради опасност, придружувале патничко летало на авиокомпанијата “Американ ерлајнс“ на 160 километри западно од Њујорк, се до неговото слетување на аеродромот “Кенеди“, објави “Асошиејтед Прес“.

Компанијата “Шел“ потврди дека од пукнатината во нејзиниот нафтовод во Северното море и понатаму истекува нафта. Иако загубите сега се помали и понатаму се работи за најтешкиот инцидент во близина на Велика Британија во последните десет години.

Вашинготн го повика венецуелскиот претседател Хуго Чавез да го искористи своето влијание и да го поттикне либискиот лидер Моамер Гадафи да ја напушти власта и да овозможи демократска транзиција, но Чавез негираше секаков легитимитет на либиските бунтовници нарекувајќи ги “терористи“ со што му даде поддршка на својот пријател Гадафи.

Шефот на британската полиција, Пол Стивенсон, си поднесе оставка по скандалот со прислушкување телефони. Полицијата ги истражува обвинувањата дека сега веќе згаснатиот таблоид „Нуз оф д ворлд“ ја пробил говорната пошта на стотици славни луѓе, политичари, новинари од конкурентски медиуми, загинати британски војници и убиени тинејџери.

Европските берзи денеска бележат пад во првото тргување по стрес тестот за подготвеноста на европските банки за евентуална нова рецесија. Според регулаторното тело на европските банки, од 90 банки, 8 не го поминаа тестот, а 16 едвај поминале.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.