Свет

Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите од вчерашните две експлозии во метрото во Москва. 39 луѓе загинаа, а над 60 беа повредени, а нападите ги извршиле две жени самоубијци.

Во денешните две експлозии во московското метро загинале над 30 луѓе, јавуваат руските медиуми. Првата се случила во метро станицата Лубијанка во центарот на Москва при што имало најмалку 25 загинати, а 15 други биле ранети.

Кинеските власти соопштуваат дека интернет-гигантот Гугл го прекршил писменото ветување со тоа што ја прекина цензурата при пребарување на кинески јазик. Властите тоа го оценија како „целосно погрешен" чекор.

Американскиот Претставнички дом денеска ќе гласа за здравствените реформи. Овој предлог закон веќе помина во Сенатот и за да се изгласа денеска во Претставничкиот Дом се потребни 216 пратенички гласови .

„Чиста вода за поздрав свет" е мотото под кое се одбележува Светскиот ден за заштита на водите - 22 март. Генералното собрание на Обединетите Нации го воспостави овој светски ден со цел да се насочи вниманието врз недостигот од здрава вода за пиење.

Гугл ја поздрави одлуката на Вашингтон за олеснување на санкциите во врска со извозот на интернет програми и услуги во Иран, Судан и Куба.

Американскиот потпретседател Џо Бајден, кој е во посета на Израел и на палестинските територии, изјави дека сега е момент на можности за мир меѓу израелците и палестинците.

Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА, Леон Панета, изјави дека во неодамнешните антитерористички операции во Пакистан биле убиени половина од дваесетината лидери на Ал Каеда.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи најави денеска мировна конференцијакоја ќе се одржи на 29-ти април во Кабул.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.