Свет

Иран соопшти дека министри за надворешни работи од 15 земји ќе учествуваат на дводневната конференција за нуклеарно разоружување, што ќе се одржи во Техеран на 17-ти и 18-ти овој месец.

Во Москва руските истражители ги анализираат снимките од комуникацијата на авионот во кој беа полскиот претседател и државна делегација, со контролата на летање. Шефот на рускиот истражувачки тим Александар Бастрикин изјави дека немало технички проблеми со авионот.

Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите во саботната авионска несреќа во која загинаа повеќе полски лидери.

Полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија, шефот на централната банка, началникот на генералштабот и многумина други полски официјални претставници се меѓу 96-те жртви на авионската несреќа кај рускиот град Смоленск.

Поранешниот менаџер на легендарните Секс Пистолс, Малколм Мекларен, почина во Њујорк од рак во 64. година од животот.

НАТО денеска соопшти дека во синоќешното уривање на хеликоптер на Алијансата во југоисточниот дел на Авганистан загинале тројца американски војници и еден цивил.

Во Киргистан денеска беа погребани убиените во нередите во главниот град Бишкек. Станува збор за најмалку 75 загинати.

Вонредна состојба е прогласена во Бишек поради анти-владините протести. Соопштението пристигна по информацијата дека петмина се убиени во престрелка покрај претседателската резиденција во главниот град на Киргистан.

Под мотото "1000 градови - 1000 животи" денес се одбележува Светскиот ден на здравјето. Според Светската здравствена организација овој ден 7-ми април  е една од најдобрите прилики да се зголеми свеста за глобалните здравствени приоритети.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.