Сепак на марс некогаш имало вода

Објавено во Свет Петок, 28 Септември 2012 09:37

Кјуриосити, возилото на НАСА кое ја троши седмата недела на Марс пронајде докази дека некогаш на оваа планета имало вода.

Роботот испрати фотографии на древно корито на река, составено од карпи составени од песок.

Научниците велат дека големината и обликот на овие камења покажуваат дека истите некогаш еродирале во вода и дека веруваат дека Кјуриосити пронајде мрежа речни корита по кои некогаш течела вода.

Се верува дека истото се случувало пред неколку милијарди години, но дека реки на Марс имало и подоцна.

Сателитите и претходно јавуваа и фотографираа од височина слични предели на „црвената планета“.

- Новите наоди на Кјуриосити се само потврда на нашите тези, велат научниците на НАСА за ББЦ.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.