САД ја почитува ослободителната одлука за Караџиќ

Објавено во Свет Петок, 29 Јуни 2012 21:19

САД ја поддржуваат работата на Хашкиот трибунал и ги почитуваат неговите одлуки, соопшти синоќа Стејт департментот по повод одлуката на судот да го ослободи поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ по една од две точки од обвинението за геноцид.

Стејт департментот во соопштението наведува дека судот утврдил дека постојат доволно докази судењето да продолжи по останатите 10 точки од обвинението.

Судот во Хаг претходно соопшти дека се изнесени доволно докази во однос со 10-те точки од обвинението, кои се однесуваат на земањето на над 200 војници на УНПРОФОР за заложници, тероризирање на населението и напади на Сараево, учество во злостроства извршени за време на опсадата на Сараево и геноцид во Сребреница.

Последниот сведок на обвинителството беше сослушан на 4 мај, а почетокот на одбраната за случајот на Караџиќ е предвиден за 16 октомври.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.