Путин ја тестираше и ја одобри новата Лада веста

Објавено во Свет Сабота, 24 Октомври 2015 09:11

Рускиот претседател Владимир Путин ја тестираше новата лада веста во Сочи и позитивно го оцени моделот што треба да го препороди руски АвтоВАЗ.
Путин кажа дека „автомобилот добро реагира на командите“ и дека е „лесен за ракување“.


Рускиот претседател седна зад воланот на сосема нова зелена лада веста и на автомобилот му даде претседателско одобрување, нарекувајќи го „многу добро возило со одлично забрзување“.
„Во Сочи патиштата имаат многу свиоци и приморани сте да возите меѓу 30 и 50 километри на час, но јас ќе ви признаам дека возев малку побрзо“, кажа Путин.
„АвтоВАЗ планира да го продава автомобилот во деловите од светот и земјите кои веќе добро ја знаат Лада – Источна Европа, Блискиот Исток и Јужна Америка, и мислам дека продажбата ќе оди добро“, додаде рускиот претседател.
Производството на лада веста седан почна во погоните на Автоваз на 25 септември. Оваа година ќе бидат произведени меѓу 5.000 и 6.000 автомобили, а за следната година се планирани речиси 70.000 примероци.
Новиот автомобил на Лада, направен во соработка со групацијата Рено-Нисан ќе чини меѓу 495.000 и 600.000 рубљи, што е меѓу 7.900 и 9.600 долари.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.