ОД ТРЕТИ ДО СЕДМИ МАРТ - ГРАДЕЖНИШТВО 2009

Објавено во Свет Четврток, 26 Февруари 2009 15:51
Меѓународниот сaeм зa грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, што на Скопскиот саем годинава ќе се одржува по шести пат, представува значајна специјализирана манифестација на деловната промоција на производителите од Македонија и од регионот, истакнато е на денешната конференција за медиумите, одржана во Конгресниот центар на Скопскиот саем.
И годинaва, со своите најнови достигнувања, преставени се 223 директни и индиректни изложувачи од сите градежни области - од проектирањето и изградбата, до опремувањето на објектите и ентериерот. Самската изложба е поставена во три хали и два анекса, односно на вкупна површина од осум илјади квадратни мерти бруто изложбена површина. Саемот ќе го прогласи за отоворен министерот за транспорт и врски при Владата на РМ, господинот Миле Јанакиески. Самото отворање годинава е во знакот на балетот багерите... Станува збор за перформанс со кој на највпечатлив начин се представуваат најдобрите карактеристики на JCB машините – компликуваните маневри, силата, прилагодливоста, бројните можности и прецизноста на операторот темелно се тестираат при секоја од извонредните акробации. Министерството за транспорт и врски и ЕРА Групацијата-Скопски саем годинава се иницијатори и организари на тематските трибини за актуелни теми за учесниците на саемот, со учество на  представници на стручната и на научната јавност.Мотото Од темел до покрив, го дефинира настојувањето за сеопфартно промовирање на градежништвото, како и меѓунардниот карактер – на саемот се производители, изведувачи, трговци на градежен материјал, од вкупно 18 земји, од регионот, но и од Европа и Азија. Во првата хала се претставувааат 12 турски градежни компании, заинтересирани како за презантација на своите производи и услуги, така и за деловно поврзување со македонските стопанственици, што е и повик упатен до нив, а поради што се планираат и Б2Б средби. Во деновите на саемот, во конгресниот центар, досега се најавени пет промоции на компании учеснички на Градежништво 2009.

Веруваме дека изложувачите и посетителите ќе го најдат својот интерес за присуство на Градежништво 2009, дотолку повеќе што Скопскиот саем низ своето децениското работење израсна во препознатливо место на средби, простор за директна комуникација и запознавање со новите производи и услуги. Повод повеќе е што саемот од годинава, со својот нов деловно промотивен модел,  настојува да биде вистински, функционален медиум за изложувачите и нивните производи и услуги.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.