Обама објави голема катастрофа во Колорадо

Објавено во Свет Петок, 29 Јуни 2012 21:05

Американскиот Претседател Барак Обама објави „голема катастрофа“ во западната држава Колорадо каде во пожари се уништени речиси 350 домови и се евакуирани околу 35 илјади луѓе.

Со оваа објава на Колорадо му се ставени на располагање федералните фондови за справување со кризата.

Во пожарите едно лице загина, а се оценуваат како најдеструктивни во последниве децении на американскиот запад.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.