Нафтата падна под 84 долари - се намали еуфоријата околу планот на ЕУ

Објавено во Свет Понеделник, 02 Јули 2012 14:30

Суровата нафта утрово на берзата во Њујорк се намали под 84 долари за барел, имајќи предвид дека се намали еуфоријата во врска со најновиот план на ЕУ за решавање на должничките и економските проблеми во Европа.

За намалување на цената на нафтата придонесоа и информациите за забавување на кинеската економија.

Цената на американската „лесна“ нафта на Њујоршката берза се намали за 1,17 долари, достигнувајќи 83,79 долари за барел, додека европската нафта „брент“ на Меѓународната берза во Лондон поевтини за 1,64 долари на 96,16 долари за барел.

Некои аналитичари се скептични дека планот на ЕУ ќе успее да ја реши се потешката должничка и економска криза. Инвеститорите внимателно ќе ги следат деталите на овој план, кои министрите за финансии на ЕУ ќе го разработат во следните две недели.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.