Најмалку 35 милитанти убиени во Авганистан

Објавено во Свет Вторник, 17 Март 2009 22:30
Најмалку 35 милитантни се убиени во изминативе два дена во Авганистан. Коалиционите и авганистанските сили убиле 29 милитанти, а 12 се повредени во провинцијата Каписа. Во друг одвоен инцидент, како што е соопштено, американските трупи убиле седум милитанти при операција во провинцијата Кандахар.
 Во напад изведен од бунтовниците во јужен Авганистан, загинал и еден војник на НАТО, но не е соопштена неговата националност.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.