Големи европски градови со планови за забрана на автомобилите

Објавено во Свет Сабота, 24 Октомври 2015 09:08

 

Осло е последниот град кој прогласи ставање на пешаците во прв план во дел од градот. Меѓутоа, планови за забранување на автомобилите имаат повеќе големи европски градови. Од почетокот на 2014 година, најмалку 6 градови објавиле забрана на автомобили во некои делови.

 

Осло
Главниот град на Норвешка е последниот град кој ја претстави својата цел за забрана на автомобили, и тоа до 2019 година. На деталите сè уште се работи, но градот планира подобрување на велосипедската инфраструктура и популаризација на јавниот превоз.
Милано
Мајорот на градот во јули го претстави својот план за целосна забрана на автомобилите во историскиот центар. Сè уште нема прецизен план, но генералната идеја е спојување на две пешачки зони и нивно проширување.
Даблин
Летово градот предложи план вреден 150 милиони евра за забрана на автомобилите одградскиот центар уште во 2017 година. Реакциите од јавноста беа поделени, но градот се надева дека ќе ја зголеми популарноста за користење на јавен превоз и велосипед.
Париз
Пролетта 2014, во главниот град на Франција беше одржан „ден без автомобили“, што резултирало во намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж. Оваа есен се одржа уште еден ваков ден, а трендот ќе продолжи со вестите за отворање нова пешачка зона наредното лето.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.