Светhttp://mxradio.com.mk Thu, 19 Oct 2017 19:57:37 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mk267 загинати во земјотресот во Италијаhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/267-zaginati-vo-zem-otresot-vo-itali-a http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/267-zaginati-vo-zem-otresot-vo-itali-a267 загинати во земјотресот во Италија

Во земјотресот кој во средата ја погоди централна Италија досега загинале 267 лица, а над 400 се повредени, се најновите податоци кои денеска во Рим ги објави службата за цивилна заштита.

Оваа институција соопшти дека тлото под овој регион се уште не мирува и дека од средата до денес се регистрирани околу 900 потреси.
Во централните делови на Италија во утринските часови регистриран е и еден посилен потрес со епицентар во АМатриче, градот кој буквално е срамнет со земја.
Според американскиот Геолошки институт потресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтер.
Во земјотресот што се случи во раните утрински часови во средата најтешко се погодени регионите на Лацио, Марке, Умбрија и Абруца, каде буквално се уништени градовите Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветFri, 26 Aug 2016 12:21:33 +0200
Путин ја тестираше и ја одобри новата Лада вестаhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/putin-a-testirashe-i-a-odobri-novata-lada-vesta http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/putin-a-testirashe-i-a-odobri-novata-lada-vestaПутин ја тестираше и ја одобри новата Лада веста

Рускиот претседател Владимир Путин ја тестираше новата лада веста во Сочи и позитивно го оцени моделот што треба да го препороди руски АвтоВАЗ.
Путин кажа дека „автомобилот добро реагира на командите“ и дека е „лесен за ракување“.


Рускиот претседател седна зад воланот на сосема нова зелена лада веста и на автомобилот му даде претседателско одобрување, нарекувајќи го „многу добро возило со одлично забрзување“.
„Во Сочи патиштата имаат многу свиоци и приморани сте да возите меѓу 30 и 50 километри на час, но јас ќе ви признаам дека возев малку побрзо“, кажа Путин.
„АвтоВАЗ планира да го продава автомобилот во деловите од светот и земјите кои веќе добро ја знаат Лада – Источна Европа, Блискиот Исток и Јужна Америка, и мислам дека продажбата ќе оди добро“, додаде рускиот претседател.
Производството на лада веста седан почна во погоните на Автоваз на 25 септември. Оваа година ќе бидат произведени меѓу 5.000 и 6.000 автомобили, а за следната година се планирани речиси 70.000 примероци.
Новиот автомобил на Лада, направен во соработка со групацијата Рено-Нисан ќе чини меѓу 495.000 и 600.000 рубљи, што е меѓу 7.900 и 9.600 долари.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветSat, 24 Oct 2015 09:11:39 +0200
Големи европски градови со планови за забрана на автомобилитеhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/golemi-evropski-gradovi-so-planovi-za-zabrana-na-avtomobilite http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/golemi-evropski-gradovi-so-planovi-za-zabrana-na-avtomobiliteГолеми европски градови со планови за забрана на автомобилите

 

Осло е последниот град кој прогласи ставање на пешаците во прв план во дел од градот. Меѓутоа, планови за забранување на автомобилите имаат повеќе големи европски градови. Од почетокот на 2014 година, најмалку 6 градови објавиле забрана на автомобили во некои делови.

 

Осло
Главниот град на Норвешка е последниот град кој ја претстави својата цел за забрана на автомобили, и тоа до 2019 година. На деталите сè уште се работи, но градот планира подобрување на велосипедската инфраструктура и популаризација на јавниот превоз.
Милано
Мајорот на градот во јули го претстави својот план за целосна забрана на автомобилите во историскиот центар. Сè уште нема прецизен план, но генералната идеја е спојување на две пешачки зони и нивно проширување.
Даблин
Летово градот предложи план вреден 150 милиони евра за забрана на автомобилите одградскиот центар уште во 2017 година. Реакциите од јавноста беа поделени, но градот се надева дека ќе ја зголеми популарноста за користење на јавен превоз и велосипед.
Париз
Пролетта 2014, во главниот град на Франција беше одржан „ден без автомобили“, што резултирало во намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж. Оваа есен се одржа уште еден ваков ден, а трендот ќе продолжи со вестите за отворање нова пешачка зона наредното лето.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветSat, 24 Oct 2015 09:08:09 +0200
Дејан Паноски одржа презенрација во Брисел за Дримскиот проектhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/de-an-panoski-odrzha-prezenratci-a-vo-brisel-za-drimskiot-proekt http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/de-an-panoski-odrzha-prezenratci-a-vo-brisel-za-drimskiot-proektДејан Паноски одржа презенрација во Брисел за Дримскиот проект

Денеска во Брисел , Пановски одржа презентација пред ЕНВСЕЦ иницијативата, донатори и дипломати од ЕУ, за напредокот во Дримскиот проект употребата од натамошна заштита на Охридско Езеро.

Пановски упати порака за потребата од зајакнување на институциите , за продолзување на присуството на мегународните иницијативи во регионот и за искористување на позитивниот политицки момент за акција. Врвните преставници на донаторите и агенциите изразиле поименицно јавна пофалба кон Пановски за сите залагања заедно со Тимот околу восиставувањето на Дримскиот Дијалог и институционалните залагања за прекуграницна застита и на Охридското езеро , со препорака тој пристап да биде пример и со обврска дека мегународните иницијативи и натаму ке бидат активни вонасиот Регион.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветWed, 06 Nov 2013 16:09:42 +0100
Почина Маргарет Тачерhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/pochina-margaret-tacher http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/pochina-margaret-tacherПочина Маргарет Тачер

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер почина утрово од мозочен удар, на 87-годишна возраст.
Како упорна, цврста политичарка, со отворени изјави, единствената жена што успеа да дојде на позицијата премиер во земјата беше заслужна за трите изборни победи на Конзервативната партија од 1979-та до 1980-та. 

Тоа, воедно, е и најдолгиот континуиран период на еден премиер на позицијата, уште од почетокот на 19-от век.
Премиерот Дејвид Камерун денес изјави дека земјата „загуби голема водачка, извонредна премиерка и извонредна Британка“.  Од Бакингемската палата стигна соопштение дека кралицата Елизабета ИИ со големо жалење ја примила веста за смртта на Тачер.
Позната како „челичната дама“ поради личната и политичка упорност, Тачер остави белег како непоколеблива конзервативка која ја урна моќта на британските синдикати, елиминираше голем број владини субвенции и овозможи многу поголема улога на приватните претпријатија.
Таа ја водеше Британија за време на Војната на Фолкландските Острови во 1982-ра, беше цврсто против европската интеграција, а воспостави тесен и посебен однос со тогашниот американски претседател Роналд Реган што помогна во распаѓањето на комунизмот во Советскиот Сојуз.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветMon, 08 Apr 2013 16:03:35 +0200
Сепак на марс некогаш имало водаhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/sepak-na-mars-nekogash-imalo-voda http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/sepak-na-mars-nekogash-imalo-voda

mars rekaКјуриосити, возилото на НАСА кое ја троши седмата недела на Марс пронајде докази дека некогаш на оваа планета имало вода.

Роботот испрати фотографии на древно корито на река, составено од карпи составени од песок.

Научниците велат дека големината и обликот на овие камења покажуваат дека истите некогаш еродирале во вода и дека веруваат дека Кјуриосити пронајде мрежа речни корита по кои некогаш течела вода.

Се верува дека истото се случувало пред неколку милијарди години, но дека реки на Марс имало и подоцна.

Сателитите и претходно јавуваа и фотографираа од височина слични предели на „црвената планета“.

- Новите наоди на Кјуриосити се само потврда на нашите тези, велат научниците на НАСА за ББЦ.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветFri, 28 Sep 2012 09:37:50 +0200
Двајца загинати во тропска бура во Мексико http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/dva-tca-zaginati-vo-tropska-bura-vo-meksiko http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/dva-tca-zaginati-vo-tropska-bura-vo-meksiko

mexico tropical weather-Тропската бура Ернесто проследена со поројни дождови во близина на мексикански пристаништа во кои се експлоатира нафта, усмрти две лица и се насочи кон внатрешноста на државата.

Интензитетот на бурата значително се намалил по движењето кон копното. Властите ги затворија нафтените постројки на државната компанија.

Во мексиканската држава Табаско двајца рибари се удавија во момент кога бурата погоди приобална област. Граѓаните се одлучиле да не се евакуираат стравувајќи дека имотот ќе им биде ограбен.

Во состојба на приправност се околу 2.000 војници кои ќе бидат испратени во внатрешноста доколку се влоши ситуацијата со бурата.

Американскиот геолошки институт соопшти дека бурата со јачина до 65 км/час ќе ослабне во текот на ноќта, но метеоролозите предупредуваат дека поројни дождови ќе има до вечерта по локално време

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветFri, 10 Aug 2012 11:16:21 +0200
Нафтата падна под 84 долари - се намали еуфоријата околу планот на ЕУhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/naftata-padna-pod-84-dolari-se-namali-eufori-ata-okolu-planot-na-eu http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/naftata-padna-pod-84-dolari-se-namali-eufori-ata-okolu-planot-na-eu

nafta surovaСуровата нафта утрово на берзата во Њујорк се намали под 84 долари за барел, имајќи предвид дека се намали еуфоријата во врска со најновиот план на ЕУ за решавање на должничките и економските проблеми во Европа.

За намалување на цената на нафтата придонесоа и информациите за забавување на кинеската економија.

Цената на американската „лесна“ нафта на Њујоршката берза се намали за 1,17 долари, достигнувајќи 83,79 долари за барел, додека европската нафта „брент“ на Меѓународната берза во Лондон поевтини за 1,64 долари на 96,16 долари за барел.

Некои аналитичари се скептични дека планот на ЕУ ќе успее да ја реши се потешката должничка и економска криза. Инвеститорите внимателно ќе ги следат деталите на овој план, кои министрите за финансии на ЕУ ќе го разработат во следните две недели.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветMon, 02 Jul 2012 14:30:21 +0200
Мултигруп го извршил атентатот врз Глигоровhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/multigrup-go-izvrshil-atentatot-vrz-gligorov http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/multigrup-go-izvrshil-atentatot-vrz-gligorov

ljubomir peric magasЉубомир Периќ – Магаш, познат српски криминалец, во телевизиско интервју во емисијата „Бисери“ на босанската телевизија ОБН, објаснува како течело нафтеното ембарго кон Србија.

Криминалецот на почетокот на деведесеттите во име на српската држава увезувал нафта преку Македонија и Бугарија.

Магаш тврди дека обидот за атентатот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, го извршила бугарската компанија „Мултигруп“, која во тоа време, исто така, шверцувала нафта преку Македонија, пренесува Нетпрес.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветFri, 29 Jun 2012 21:31:53 +0200
ЕУ ќе ги спасува банките преку кризни фондовиhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/eu-e-gi-spasuva-bankite-preku-krizni-fondovi http://mxradio.com.mk/mx/vesti/svet/eu-e-gi-spasuva-bankite-preku-krizni-fondovi

european-central-bankНа крајот од дводневниот самит на Европската унија 17 држави од еврозоната усвоија пофлексибилен пристап за справување со должничката криза.

Со договорот постигнат меѓу нивните лидери, одлучено е да се формира единствено тело за надзор на банките кои ќе можат да ги користат фондовите за спас на зоната на еврото. Фондот, Механизам за европска стабилност од идната година ќе може директно да им дава помош на банките, без притоа да се зголеми буџетскиот дефицит на државите.

„Минатата ноќ се договоривме дека под одредени околности и услови Механизмот може да направи директна докапитализаицја на банките“, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Според него најголем и најважен услов е воспоставување на единствен, надзорен механизам за банките.

„Лидерите од еврозоната побараа од Советот забрзано да работи за до крајот на годината да се излезе со резултат. Ова е голем пробив. Прв чекор и кон кршење на маѓепсаниот круг меѓу банките и државите“.

Европските лидери се договорија да ги намалат и правилата за давање помош, со цел да се намалат трошоците за задолжување за земјите-членки кои се во криза.

На договорот се гледа и како на политичка победа на Италија и на Шпанија врз германската канцеларка Ангела Меркел која пред неколку дена отфрли секаква потреба од вакви итни мерки.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СветFri, 29 Jun 2012 21:27:40 +0200