ЕУ ќе ги спасува банките преку кризни фондови

Објавено во Свет Петок, 29 Јуни 2012 21:27

На крајот од дводневниот самит на Европската унија 17 држави од еврозоната усвоија пофлексибилен пристап за справување со должничката криза.

Со договорот постигнат меѓу нивните лидери, одлучено е да се формира единствено тело за надзор на банките кои ќе можат да ги користат фондовите за спас на зоната на еврото. Фондот, Механизам за европска стабилност од идната година ќе може директно да им дава помош на банките, без притоа да се зголеми буџетскиот дефицит на државите.

„Минатата ноќ се договоривме дека под одредени околности и услови Механизмот може да направи директна докапитализаицја на банките“, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Според него најголем и најважен услов е воспоставување на единствен, надзорен механизам за банките.

„Лидерите од еврозоната побараа од Советот забрзано да работи за до крајот на годината да се излезе со резултат. Ова е голем пробив. Прв чекор и кон кршење на маѓепсаниот круг меѓу банките и државите“.

Европските лидери се договорија да ги намалат и правилата за давање помош, со цел да се намалат трошоците за задолжување за земјите-членки кои се во криза.

На договорот се гледа и како на политичка победа на Италија и на Шпанија врз германската канцеларка Ангела Меркел која пред неколку дена отфрли секаква потреба од вакви итни мерки.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.