Двајца загинати во тропска бура во Мексико

Објавено во Свет Петок, 10 Август 2012 11:16

Тропската бура Ернесто проследена со поројни дождови во близина на мексикански пристаништа во кои се експлоатира нафта, усмрти две лица и се насочи кон внатрешноста на државата.

Интензитетот на бурата значително се намалил по движењето кон копното. Властите ги затворија нафтените постројки на државната компанија.

Во мексиканската држава Табаско двајца рибари се удавија во момент кога бурата погоди приобална област. Граѓаните се одлучиле да не се евакуираат стравувајќи дека имотот ќе им биде ограбен.

Во состојба на приправност се околу 2.000 војници кои ќе бидат испратени во внатрешноста доколку се влоши ситуацијата со бурата.

Американскиот геолошки институт соопшти дека бурата со јачина до 65 км/час ќе ослабне во текот на ноќта, но метеоролозите предупредуваат дека поројни дождови ќе има до вечерта по локално време

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.