267 загинати во земјотресот во Италија

Објавено во Свет Петок, 26 Август 2016 12:21

Во земјотресот кој во средата ја погоди централна Италија досега загинале 267 лица, а над 400 се повредени, се најновите податоци кои денеска во Рим ги објави службата за цивилна заштита.

Оваа институција соопшти дека тлото под овој регион се уште не мирува и дека од средата до денес се регистрирани околу 900 потреси.
Во централните делови на Италија во утринските часови регистриран е и еден посилен потрес со епицентар во АМатриче, градот кој буквално е срамнет со земја.
Според американскиот Геолошки институт потресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтер.
Во земјотресот што се случи во раните утрински часови во средата најтешко се погодени регионите на Лацио, Марке, Умбрија и Абруца, каде буквално се уништени градовите Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.