Регион

Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент денеска ја прифати Предлог-резолуцијата за напредокот на Хрватска, во кој се наведува дека доколку земјата ги исполни потребните критериуми, преговорите за членство во унијата ќе завршат до крајот на годинава.

Австрија и Грција и предоа писмо на високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон и на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата во кое се залагаат за прием на сите држави од Западен Балкан до 2014 година, на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

Шефовите на дипломатиите на Европската унија на денешниот состанок во Брисел ќе разговараат за, како што е наведува шпанското претседателство на Унијата, загрижувачката ситуација во Босна и Херцеговина.

Во текот на изминатиот викенд од снежните бури, но и од исклучително ниските температури во Турција и Бугарија починале најмалку три лица, јавуваат агенците, додавајќи дека и во други делови на Eвропа екстремните зимски услови предизвикале смрт на десетици бездомници.

Државните обвинители на шест земји од западниот Балкан во Рим ќе потпишат дополнителен меморандум за разбирање во соработката во борбата против организираниот криминал и другите тешки злосторства.

Заменик високиот претставник во Босна и Херцеговина, Рафи Грегоријан изјави дека во Босна постои мрежа помагатели на Ратко Младиќ кој е осомничен и баран од Хашкиот трибунал за воени злостроства.

Во вториот круг на претседателските избори во Украина, што ќе биде одржан на седми февруари годинава, најверојатно ќе се пласираат актуелниот премиер Јулија Тимошенко и лидерот на опозицијата Виктор Јанукович.

Албанскиот премиер Сали Бериша побара да се формират комисии за проценка на штетата од недамнешните поплави во Скадар во северниот дел на земјата.

Денеска се очекува Црна Гора да воспостави дипломатски односи со Косово, дознава порталот Аналитика од меѓународни дипломатски извори.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.