Регион

Новинските агенции јавуваат дека денеска во северна Италија воз излетал од шините при што загинале шест луѓе, додека неколкумина биле повредени.

Врз основа на оперативни сознанија, криминалистичката полиција од Струга, во две одвоени акции приведе две лица кај кои е пронајдено нелегално оружје.

Грчкото Министерство за финансии денеска соопшти дека две делегации на Меѓународниот монетарен фонд од утре во Атина ќе почнат со проверка на напредокот во примената на пакетот мерки за штедење и реформирање на даночниот систем.

Во организација на Агенцијата за промција и подршка на туризмот македонските туристички потенцијали се презентираа на Саемот во Приштина што се одржува од 01-03 април. На брендираниот штанд Macedonia timeless се презентира културниот и езерскиот туризам.Преставниците на Агенцијата реализираа повеќе интервјуа за медиумите од Косово каде ги потенцираа туристичките потенцијали на Македонија.

Во Собранието на Србија денеска ќе се расправа за предлог декларацијата за осуда на злосторствата во Сребреница.

Европска Унија треба да  го блокира секој можен  пристап  до детската порнографија на интернет и Унијата треба да ги осудува злосторниците кои злоупотребуваат деца на малксимална казна.

Федерацијата на државните службеници во Грција за денеска свика нов протест против мерките на владата за строго штедење.

Средбата на врвот меѓу Европската унија и државите на Западен Балкан, што ја подготвува шпанското претседателство на Унијата, треба да ги вклучи сите фактори со уважување на меѓунордното право и на сите чувствителни прашања.

Пејачката Ксенија Пајчин и црногорскиот манекен Филип Капсиода пронајдени се мртви од прострелни рани во нивниот стан во Белград.

Истрагата е во тек, а белградските медиуми наведуваат дека пред три дена полицијата извршила интервеции во овој стан заради физичка пресметка помеѓу нив двајца (во една расправија децкото Филип ја искршил влезната врата).Директорот на полицијата Милорад Вељковиќ изјавил дека најверојатно станува збор за УБИСТВО и САМОУБИСТВО но се ке биде познато после извршена обдукција.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.