Регион

Британските и ирските воздухопловни власти повторно наредија затворање на делови од својот воздушен простор поради опасностите од новиот облак од пепел од вулканот од Исланд.

Министрите за транспорт на земјите членки на ЕУ најавија дека прв приоритет ќе им биде воспоставување на „единствено европско небо", со што би се спречило повторување на хаосот во воздушниот сообраќај кој беше предизвикан од вулканската пепел.

Министрите за финансии на САД, Велика Британија, Франција, Канада и Јужна Кореја упатија заедничка декларација за поддршка на меѓународната програма за помош на Грција, преку која на земјата ќе и биде помогнато да ги надмине последиците од тешката финансиско-економска криза.

Грчката Федерација на државни службеници денеска организира 48-часовен штрајк против новиот владин пакет мерки за штедење.

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ пријавил во полиција дека му се заканиле со смрт.

Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини по средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Луксембург изјави дека Албанија и Босна и Херцеговина најверојатно ќе добијат визна либерализација до крајот на оваа година.

Украина ќе бара намалување на цената на увозниот руски природен гас од 330 на 240 американски долари за еден илјадити кубен метар, рече денеска заменикот премиер на Украина Сергеи Тигипко.

Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос денеска ќе ја посети Црна Гора, каде што ќе разговара со неговиот црногорски колега Милан Рочен, а ќе биде примен и од претседателот Филип Вујановиќ и од премиерот Мило Ѓукановиќ.

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд и на Европската унија денеска во Атина ги почнуваа десетдневни разговори со грчките власти за мерките што треба да ги преземе Грција за намалување на долгот до 2012 година.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.