Регион

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го отфрли предлогот да биде прогласена вонредна состојба во југоисточниот дел од земјата каде што во последните денови ескалираа нападите на курдските бунтовници врз безбедносните сили.

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска во Истанбул на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа изјави дека Европската унија мора да се изјасни дали е подготвена да ги прими сите држави од регионот.

Министрите за финансии на земјите членки на Европската Унија денеска и одобриле на Естонија од 1 јануари 2011 да влезе во еврозоната, соопштиле извори од ЕУ.

Германскиот суд му одреди казна затвор од 2 години и 3 месеци на германскиот таен агент, кој работел на Косово во 2007-ма и 2008-ма година, а на неговиот љубовник, македонски државјанин, 14 месеци условно, за откривање државни тајни и за финансиски малверзации.

Германија врши притисок другите земји кои го користат еврото, брзо да го намалат дефицитот, што според нив е единствениот начин европската валута да ја обнови довербата и да излезе надвор од кризата.

Денешниот состанок во Брисел на министрите за финансии на Европската унија е посветен на воспоставањето нови рамки за регулирање на таканаречените хеџ фондови за кои се смета дека се причина за нестабилноста на финансиските пазари во светот.

Поплавите што ја зафатија централна Европа веќе однесоа 2 човечки живота, еден во Чешка и еден во Полска.

Еврото денеска падна на најниско ниво во последните 4 години поради обновените сомневања во економската сила на земјите од евро-зоната.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека американските инвестициски банки се најголемите виновници за финансиската должничка криза на земјата. Запрашан дали се возможни некакви правни мерки Папандереу одговори дека не ја исклучува нивната примена.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.