Регион

Меѓународниот суд на правдата во Хаг попладне ќе го даде своето советодавно мислење за унилатералното прогласување независност на Косово од Србија.

Денеска во Франција ќе бидат откажани многу летови поради штрајкот на контролорите на летање.

Европа е единствена во напорите за надминување на последиците од должничката криза на Грција и од неа ќе излезе посилна од кога и да било досега, изјави денеска во Токио францускиот премиер Франсоа Фијон.

Парите се пронајдени за време на царинската контрола во патните торби на Курд со германски пасош, кој транзитирал со автобус низ Бугарија патувајќи на релација Турција-Германија, соопшти бугарската Царинска управа.

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска од Њујорк изјавил дека Србија ќе го преизпита својот однос кон меѓународното присуство на Косово, ако и понатаму меѓународниот фактор продолжи да ги подржува дестабилизирачките чекори на Приштина.

Десет луѓе загинале минатата ноќ во поплавите во Романија, а три луѓе се водат за исчезнати, соопштиле локалните власти.

Во Грција денеска почна генералниот штрајк против предложените реформи на пензискиот систем. Не работат јавните служби, сообраќајот е отежнат, а болниците примаат само итни случаи. Речиси 100 домашни летови се откажани, додека меѓународниот сообраќај се одвива нормално.

Лидерот на кипарските турци Дервиш Ероглу изјави дека за постигнување спогодба со кипарските грци за обединување на Кипар, е потребна временска рамка.

Чешкиот Претседател Вацлав Клаус денеска го именуваше лидерот на Граѓанските демократи 45 годишниот Петр Нечас за нов премиер. ОДС е водечка партија во централно десничарска коалиција која освои 118 од вкупно 200 места во долниот дом на чешкиот парламент.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.