Регион

Градското Собрание на Љубљана, по бурна расправа, донесе одлука една улица во Љубљана да се именува по поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Како што јавуваат словенечките медиуми, на вчерашната седница за овој предлог гласале 24 советници, а четворица биле против.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер ја погоди синоќа Албанија, при што нема информации за жртви или материјална штета.Потресот, чиј епицентар бил во Јадранското море, најсилно е почувствуван во крајбрежниот град Драч иоколината, соопшти Албанската сеизмолошка служба.

Нов силен земјотрес го погоди вечерва подрачјето на централна Италија, при што најмалу едно лице загина, јавуваат медиумите. Магнитудата на најновиот земјотрес се движела меѓу 5,5 и 5,7 степени според Рихтер, а бил почувствуван и во Рим. Вториот потрес за момент ги прекинал спасувачките акции, поради опасност под урнатините да настрадаат и спасувачите.Засега нема податоци за нови материјални штети или евентуални жртви.

Најмалку сто лица се извлечени живи од под урнатините претпладнево во италијанската област Абруцо, која во понеделникот беше погодена од неколку силни земјотреси.

Србија денеска го одбележува Денот на сеќавањето на жртвите од германската агресија врз Југославија, која започна на 6 април 1941 година со интензивни бомбардирања на Белград. Напад започна без објавување на војна, и покрај тоа што владата неколку дена претходно го прогласи Белград за „отворен (без одбрана) град".

Четворица македонски државјани се пронајдени меѓу првите стотина жртви во земјотресот во околината на Аквила, стотина километри источно од Рим. Потврдено е дека во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтер настрадале две деца од Македонија - 11 годишното девојче Ајруби Алена и 13 годишната Валбона Османи, како и Абдија Нурија стара 41 година и 44 годишниот Рефик Асани.

Хрватска и Албанија денеска станаа полноправни членки на НАТО откако во Вашингтон ги предадоа ратификациските документи. На свечената церемонија во Стејт Департменот американскиот државен потсекретар Џејмс Стајнберг ги прифати инструментите за членството на Албанија и Хрватска во Алијансата. Документите ги предадоа албанскиот и хрватскиот амбасадор во Соединетите Држави, Александар Салабанда и Колинда Грабар-Китаровиќ.

Полицијата на УНМИК достави докази до српското Обвинителство за воени злосторства за делото жолта куќа, кои се добиени за време на истрагата во 2004 година, објави денеска белградскиот весник Политика" 

Во Драч ќе се гради индустриско пристаниште за Македонија и Косово. Албанската Влада работи на проект за изградба на индустриско пристаниште во Драч, главно за потребите на Косово и на Македонија, изјави албанскиот министер за економија и енергетика Генц Рули на Економскиот форум што се одржа во Тирана.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.