Регион

Канцеларијата за исчезнати лица и судска медицина на мисијата Еулекс ексхумираше од масовна гробница, пронајдена кај Гњилане, делови на скелети од најмалку 11 лица, меѓу кои и посмртни остатоци на четири деца.

Масовната гробница е лоцирана на 9. јули, а се наоѓа крај селото Кметовце.

Тајни преговори меѓу Грција и Турција за Егејско Море ќе се одржат на 21 и 22 јули, набљудувани од американскиот началник на воено -воздушниот штаб на НАТО во Измир, генерал Ли Мак фин. Разговорите се во сенката на десетината турски "ловци", кои во последните 48 часа го нарушуваат воздушниот простор на Грција и прелетуваат ниско над три населени острови Фамакониси, Агатониси и Фурни.

Грчката полиција употреби солзавец и заслепувачки гранати против учесниците во проимигрантскиот протест во центарот на Атина, каде што избувнаа судири. Повеќе од 3.000 лица учествуваа на демонстрациите во Атина и Солун во знак на протест против плановите на Владата да ги зајакне мерките за борба против нелегалната имиграција.

Во Србија се регистрирани пет нови случаи на лица инфицирани со вирусот H1N1 на грипот од типот А, со што бројот на заболени од болеста во оваа земја достигна 26, соопшти српскиот Институт за јавно здравје.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој престојува во официјална посета на Србија, денеска во Белград ќе се сретне со премиерот на оваа земја Мирко Цветковиќ. Главни теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, блискоисточната криза и ситуацијата на Балканот.

Посредникот на ООН во спорот меѓу Македонија и Грција околу името на нашава земја Метју Нимиц, по посетата на Скопје, денеска престојува во Атина.

Српски воен авион се урна денеска во близина на аеродромот Батајница во 9.15 часот. Пилотот се катапултирал, но лекарите од Воената болница не можеа да му го спасат животот. На воениот полигон каде се урна авионот од типот Миг-29, загина еден војник.

Бројот на заболени од свински грип во Словенија се искачи на 14, откако властите потврдија уште еден случај, соопшти здравствената служба. Новиот случај е млада жена, која неодамна се вратила од Лондон.

Претседателот на словенечката парламентарна комисија за надворешни работи Иво Вајгл изјави дека обвинувањата што на сметка на Словенија ги изрече поранешниот хрватски премиер Иво Санадер „ја прејдоа мерката на добриот вкус".

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.