Регион

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов ќе се сретне денеска со Спаска Митрова во градот Сандански. Средбата била закажана за 17 часот, јавува агенцијата "Фокус".

Синоќа во главниот град на БиХ долета Оли Рен, комесарот за проширување на ЕУ, американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг и шефот на светската дипломатија Карл Билд.

Турската полиција со водени топови денеска во Истанбул ги разбила демонстрациите против Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка кои во овој град ги одржуваат своите годишни состаноци.

Денеска во Будимпешта се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група - Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, земјите идни претседавачи во Европската Унија - Белгија и Шпанија, како и земјите од Балканот - Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во Хашкиот трибунал денеска ќе се одржи последната статусна конференција во постапката против поранешниот престедател на Република Српска, Радован Караџиќ.

Во Истанбул денеска започна 10-от Меѓународен форум за проблемите во транспортот со учество на министри за транспорт и врски од Европа, Азија и Африка. Форумот, кој ќе трае до 1 октомври, се одржува по мотото „Визија 2023".

Потпретседателот на Европската комисија задолжен за правда, слобода и безбедност, Жак Баро, денеска во Белград ќе ја отвори регионалната конференција за борба против организираниот криминал во Западен Балкан.

Парламентот во Тирана доцна синоќа ја избра новата Влада на Албанија на премиерот Сали Бериша.

Бугарија планира да го воведе еврото до 2013 година, а новата Влада себе си постави цел токму таа да ја воведе земјата во еврозоната, изјави бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.