Регион

Генералниот секретар на Обединетите Наци Бан Ки-мун во Атина ќе учествува на конференцијата посветена на меѓурелигискиот дијалог.

Денеска пред Хашкиот Трибунал ќе биде одржана расправа како да продолжи процесот против поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, кој е обвинет за геноцид и злосторства против човештвото.

Украинскиот претседател Виктор Јушченко побара итна помош од САД, Европската унија, НАТО и соседните земји поради епидемијата на новиот грип во земјата.

4-ца напаѓачи со моторцикли стрелале со Калашњикови врз полициска станица во предградие на Атина, при што 6-мина полицајци биле повредени, од кои двајца потешко.

Поранешниот лидер на босанските срби, Радован Караџиќ, денеска не се појави на почетокот на неговото судење во Хашкиот трибунал.

Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, која во затвор во Шведска ја отслужува казната за воени злосторства, ќе биде ослободена на 27 октомври, соопшти шведското министерство за правда.

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден допатува во Букурешт, каде што денеска ќе разговара со романските власти.

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ денеска оцени дека посетата на рускиот претседател Дмитри Медведев на Белград е од историско значење со која се потврдува поддршката што двете земји си ја даваат на меѓународната сцена.

Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент, синоќа го одобри извештајот за визна либерализација за земјите од Западен Балкан, подготвен од словенечката европратеничка Тања Фајон.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.