Регион

Заштитата на животната средина не обединува, вели за ДВ грчкиот европратеник Критон Арсенис по чиј предлог Европскиот парламент го поддржа за договорот меѓу Грција, Македонија и Албанија за создавање на паркот Преспа.

„Не сум разочаран иако да бидам искрен не ми е сеедно. Најбитно е што го скршивме мразот, што Македонец учествуваше на изборите за градоначалник.

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека извештајот на Дик Марти за трговијата со органи на Косово е расистички. Според Бериша обвинувањата во извештајот не се нови, туку се фабрикувани уште од пропагандата на Милошевиќ по нападите на НАТО врз Србија.

Едниот брод товарен со старо железо е потонат, а другиот брод е холандски танкер. Официјалните лица тврдат дека нема опасност од излевање на нафта

Пет морнари се водат како исчезнати откако два брода се судрија во бугарските води на Црното Море. Еден од бродовите кој пловел под знаме на Сиера Леоне потонал. Бил товарен со старо железо, а него имало посада од девет сириски и еден египетски државјанин. Според бугарските медиуми другиот брод бил холандски танкер, но официјалните лица тврдат дека нема опасност од излевање на нафта.

После силниот земјотрес од 5,4 степени според Рихтеровата скала, кој што го потресе централниот дел на Србија, се регистирани уште 20 помали земјотреси до овој момент.

Земјотресите се со  јачина од 2 до 3.3 степени по Рихтер. Сите потреси на земјата се во рајонот на Краљево и се на 2 км длбочина.

Надлежните во Атина се подготвени за средба на премиерите Јоргос Папандреу и Никола Груевски, смета портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас.

Парите што владата ќе ги заштеди со овој голем подарок ќе бидат пренасочени за изградба на соларни панели на покривите на јавните згради. Како што велат во владиниот кабинет ќе се заштедат по неколку стотини илјади долари годишно
Германскиот производител на автомобили БМВ на владата на словенечкиот премиер Борут Пахор во наредните пет години бесплатно ќе и позајмува по 100 возила годишно од новиот модел на серијата пет. Поточно, "старите" 100 од претходната година ќе бидат заменети со ганц нови 100 во тековната - и така секоја година. По тој период, Словенија ќе може да ги откупи возените "петки". Парите што владата ќе ги заштеди со овој голем подарок ќе бидат пренасочени за изградба на соларни панели на покривите на јавните згради.Како што велат во владиниот кабинет ќе се заштедат по неколку стотини илјади долари годишно.

Туризмот за кратко време стана една од главните стопански гранки во Албанија и годинава се очекува рекордна посета од странските гости, изјави албанскиот премиер Сали Бериша.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница посветена на ситуацијата на Косово на која шефот на УМНИК ќе поднесе редовен извештај за ситуацијата. Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ ќе ја престави позицијата на Србија по соопштувањето на Советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.