Регион

Иво Санадер, иако најави дека ќе се врати во политиката, откако неговата партија не застана на страната на неговата одлука и го исклучи од членството, поранешниот претседател на ХДЗ и премиер изјави дека ќе ја почитува одлуката на своите сопартијци.

Србија денеска пред меѓунардониот суд за правда во Хаг ќе поднесе тужба против Хрватска, за геноцид над Србите за време на војната од 1991 до 1995-та, јавила Радителевизија Србија, пренесува агенцијата Бета.

"Србија има капацитети за забрзан напредок кон Европската унија,, изјавил грчкиот премиер Јоргос Папандреу пред денешната посета на Белград.

Грчката полиција се сомнева дека зад ноќешниот напад врз осигурителната компанија во Атина стои екстремистичката организација Револуционерна борба.

Во вториот круг од претседателските избори во Хрватска одат кандидатите на Социјалдемократската партија, Иво Јосиповиќ и независниот кандидат, поранешниот член на СДП, Милан Бандиќ, соопшти синоќа Државната изборна комисија.

Српскиот претседател, Борис Тадиќ ќе ја достави во Стокхолм на шведскиот премиер Фредерик Рајнфелд кандидатура за полноправно членство на Србија во ЕУ.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Анкара ќе ги спроведе сите технички подготовки со цел Европската Унија да ги укине визите за нејзините граѓани.

Повеќе од четириесет лица се повредени, од кои неколку потешко, кога воз удрил во бетонска рампа на Загрепската железничката станица. Возот, кој доаѓал од Сисак, околу 5 часот и 30 минути, не успеал да закочи на време и удрил во бетонската рампа.

Студ и невреме ја нападнаа цела Европа. Десетици илјади Европјани останаа заглавени на железничките станици, аеродромите и во сообраќајните метежи, откако изобилниот од снег и студеното време го отежнаа сообраќајот на почетокот на божиќните празници.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.