Усвоен законскиот пакет за НАТО-Албанија

Објавено во Регион Петок, 27 Март 2009 22:08

Приемот во НАТО е најголем историски момент, веднаш по прогласувањето на Албанија за независна држава во 1912 година, изјави Албанскиот премиер Сали Бериша. Тој подвлече дека започнува големиот предизвик за консолидација на демократијата и самото албанско општество.

Албанското Собрание едногласно го усвои законскиот пакет за членство на земјата во НАТО. Претседателот на парламентот Јозефина Топали се заблагодари на сите членки на НАТО што го ратификуваа документот за приемот на Албанија во Алијансата.И најголемата опозициона партија, Социјалистичката, го поздрави историскиот чин во албанското Собрание, кое на неколку дена пред официјалниот влез на државата во НАТО го усвои законскиот пакет за членството.

Опозиционите социјалисти нагласија дека првиот предизвик на Албанија по членството во НАТО ќе биде обезбедување демократски парламентарни избори на 28 јуни.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.